Див лук е самоникната билка, која по лековитоста се споредува со лукот, со кој дели сличен интензивен мирис и вкус.
Див лук – го нарекуваат чистач на крвта, а добра е и при тегобите со лишаи, реума, гихт.
Оваа билка можете да ја додадете свежа во салатите, варивата, а еве како можете да подготвите и песто од неа:
Состојки:
– 2 китки див лук
– 100 мл маслиново масло
– 2 полни лажици печени солени кикирики
– свежо мелен црн пипер
– 50 до 75 гр рендан пармезан
– сол
Подготовка:
Измијте го и исецкајте дивиот лук. Дивиот лук, маслото, пармезанот и ккикириките ставете ги во блендер и миксајте додека смесата да стане хомогена. Додадете црн пипер и сол по желба.
Освен што ова песто е вкусно, тоа е и многу лековито, можете да го консумирате со тестенини или брускети.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.