Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваМед и млеко – чудотворна комбинација за целото тело

    Мед и млеко – чудотворна комбинација за целото тело

    petel baner

    Комбинацијата на мед и млеко долго време се користи во исхраната како и во козметиката, што доволно говори за вредноста и идеалната комбинација на овие две состојки.

    Млекото е одлично за хидратација, здравје на коските, регулирање на крвниот притисок, го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, спречување дебелина и дијабетес од типот 2, а некои истражувања покажале дека го намалува ризикот од рак на дојка и на дебелото црево.

    Медот е одличен засладувач, извор на енергија, одличен е за слабеење бидејќи поттикнува потрошувачка на масти, ја подобрува издржливоста, а има и антибактериски, антигабични и антиоксидативни својства.

    Otkup na kompiri

    Веројатно веќе имате мед и млеко во својата кујна, а ретко размислувате за тоа колку тие две состојки се моќен лек.

    Ова се само дел од придобивките кои се јавуваат по редовно консумирање млеко со мед:


    Нега на кожа

    И медот и млекото имаат антимикробни својства. Таа особина е уште подобра кога тие две состојки ќе се измешаат. Бројни средства за чистење на лицето се прават со помош на мед и млеко. Интересно е дека оваа комбинација се користи во различни клиники за дерматологија ширум светот. Измешајте три лажици топло млеко и една лажичка мед, со памук натопете во смесата и исчистете го лицето.

    Издржливост

    Чаша млеко и две лажички мед во утринските часови ќе ја подобрат издржливоста во текот на денот. Млекото содржи протеини, а медот потребните јаглехидрати. 

    Го забавува стареењето

    Истражувањата покажале дека млекото и медот делуваат на целото тело, не само на кожата кога стареењето е во прашање. Луѓето во многу стари цивилизации (Грци, Римјани, Египќани и Индијанци) пиеле млеко и мед за да ја зачуваат својата младост.

    agrounik
    Антибактериско делување

    Истражувањата покажале дека комбинацијата на млеко и мед има поголема делотворност на Staphylococcus (грам-позитивна округла бактерија) отколку млекото и медот одделно.

    Варење на храната

    Чаша топло млеко со две лажички мед ќе помогне кај опстипација, надуеност и цревни заболувања.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Респираторни болести

    Топло млеко е одличен лек за настинка и кашлица, како и медот. Доколку ги споиме нивните својства, ќе добиеме уште подобар лек.

    За добар сон

    Подобро од чаша топло млеко пред спиење е чаша топло млеко со лажичка мед. Премногу шеќер ќе ве разбуди и ќе ве вознемири. Н,о сосема малку глукоза ќе му јави на вашиот мозок да го исклучи орексинот, невро преносник кој е одговорен за будноста во текот на денот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img