домаАгро ВестиКартички за зелена нафта за битолските земјоделци

Картички за зелена нафта за битолските земјоделци

Картичките за зелена нафта се пристигнати во подрачната единица на МЗШВ во Битола и од денеска над 3.500 земјоделци непречено ќе може да ги подигнуваат.

halk bank baner horizontalen ovcar

Од ПЕ на МЗШВ појаснуваат дека финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои аплицирале земјоделците за субвенции во 2021 година.

Pneumatik baner

– За пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо поддршката изнесува 1.413 денари по хектар. За хмељ, лен, леќа, кикири, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка поддршката изнесува 2.119 денари по хектар. Додека за домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, рукола, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе, култивирани лековити, ароматични и зачински растенија како и за лозови насади поддршката изнесува 4.238 денари по хектар, соопштуваат од ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола.

Семенарна хоризонтален банер

Картички за користење зелена нафта ќе добијат и овоштарите, односно производителите на јаболко, круша, слива, праска, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка, а поддршката изнесува 5.273 денари по хектар.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
petel baner

За дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник поддршката изнесува 3.766 денари по хектар, а за ореви и питоми костени, поддршката изнесува 2.636 денари по хектар.

Со оваа мерка во овој момент во Пелагонискиот регион од трите општини Битола, Могила и Новаци корисници се над 3 500 земјоделци, посочија од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img