Во просториите на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце денеска ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на гравот“.
Манифестацијата „Ден на гравот“ е во организација на Центарот за едукација и развој. А нејзината примарна цел е промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот.
Како што информираат организаторите, со 11-тото издание на оваа манифестација, Центарот за едукација и развој ја започнува новата деценија на организирање на оваа традиционална манифестација, по пауза поради состојбата со ковид пандемијата.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.