Шести месец по ред цените на храна се намалуваат како одраз на пониските цени на растителното масло што го засени растот на цените на житото. Ова го покажа извештајот на агенцијата за земјоделство на Обединетите нации – ФАО.
Индексот на цените на храна на ФАО на корпите со основни прехранбени производи падна во септември за 1,1 отсто. Намалувањето е во однос на ревидираната вредност во август, на 136,3 поени. Неговата вредност паѓа од март кога достигна рекордни 159,7 поени. Но сепак е за 5,5 отсто повисока од истиот месец лани.
Цените на растителното масло паднаа најмногу во септември, за 6,6 отсто во однос на август, што се лизна на најниското ниво од февруари минатата година благодарение на зголемената понуда и пониските цени на суровата нафта. Шеќерот, млекото и млечните производи и месото беа нешто помалку од еден процент поевтини отколку во август, откри ФАО.
Слабеењето на еврото во однос на доларот и мрачните економски изгледи ги притиснаа цените на млекото и млечните производи. Додека месото и шеќерот паднаа благодарение на зголемените резерви на говедско месо од Бразил. Како и добрите изгледи за родот на шеќерна трска во оваа јужноамериканска земја.
Септември донесе повисоки цени само на житариците, за 1,5 отсто во однос на август. Цените на пченицата се зголемија за 2,2 отсто поради сушата во Аргентина и САД. Силниот извоз од ЕУ и зголемената неизвесност околу пристапот на Украина до пристаништата на Црното Море од декември.
Поскапе и оризот, за 2,2 отсто, делумно поради загриженоста предизвикана од големите поплави во Пакистан.
Во одделни проценки за понудата и побарувачката на житни култури, ФАО малку ја намали прогнозата за глобалното производство на житни култури оваа година. Тоа и знесува 2,768 милијарди тони, што би претставувало пад од 1,7 отсто во споредба со минатата година. Ова е 1,7 отсто под проценетото производство во 2021 година.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.