Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиСадење и размножување на багремот

    Садење и размножување на багремот

    petel baner

    Садење и размножување на багремот – Постојат четири основни видови багрем: Robinia pseudoacacia, Robinia hispida, Robinia neomexicana и Robinia viscosa. Покрај овие основни типови, има и голем број на сорти:

    • медоносен багрем
    • украсен багрем
    • џуџест багрем

    Некои од попознатите украсни форми на багрем се:

    • Decaisneana  (има бледо розови цветови и е помалку отпорен на мраз),
    • Pendula  (има свиткана и висечка грана, а листовите првично се кафеаво-црвени),
    • Pyramidalis  (формира цилиндрична или тесна пирамидална крошна),
    • Stricta  (има широка пирамидална крошна),
    • Umbraculifera  (има тркалезна и густа крошна и гранки без трње),
    • Tortuosa  (има целосно свиткани гранки).

    Багремот нема посебни барања и расте на различни видови почви. Она на што е доста чувствителен е мразот.

    Otkup na kompiri

    Садење и размножување на багремот

    Багремот може да се размножува со семиња и коренски изданоци. Семките пред садењето треба да се стратифицираат и имаат малку послабо ‘ртење. Но по ‘ртењето тие растат многу брзо, па во првата година можат да достигнат висина од 1 m. Цветањето се јавува четири до шест години по сеидбата на семето.

    Најдобро расте во области со умерена клима и на лесна и сува почва. Сувата песочна почва е идеална за одгледување, но ќе напредува и на почви со различен состав, освен на оние кои се тешки, лепливи и влажни. Штом корените на багремот стигнат до влажните слоеви на почвата, дрвото почнува да се разболува. Затоа е подобро да се користат влажни земјишта за садење јасен, даб или топола.

    Може да се размножува со семиња, резници или произведени садници. Семето може да се собира во текот на целата зима, а собраните мешунки од багрем се сушат на сонце или со помош на друг извор на топлина. По сушењето, семињата се одвојуваат, а доколку ги чуваме на суво и проветрено место, можеме да ги чуваме долго. Нема да го изгуби својството за ‘ртење.

    Размножување со семе

    Без разлика дали ќе одгледуваме багрем со директно сеење на семето или со садење садници, прво треба да ја подготвиме почвата. Почвата на која ќе се сади багремот треба да биде растресита, а покрај почвата да се подготви и семето. За да се постигне порамномерно ‘ртење, семето кратко се прелива со топла вода и веднаш се цеди, но водата треба да се задржи. Кога по десет минути водата малку ќе се олади, семињата се потопуваат во неа и се оставаат додека водата целосно не се излади. После тоа, треба да се исуши и веднаш да следи садење. Вака подготвените семиња се садат во влажна почва. Семето може да се сее без претходна подготовка, но потоа ќе никне една или две недели подоцна и ‘ртењето ќе биде нерамномерно.

    Ако сакате да пошумите површина со багрем, или ако сакате да произведувате садници, семето се сее во редови со растојание од 1 до 2 m помеѓу нив. Додека младите растенија не зајакнат, потребно е да се отстрани плевелот и да се окопа почвата.

    agrounik

    Размножување со резници

    Резниците се земаат од матичното дрво во доцна есен или рана зима, за да се вкорени до пролет. Се ставаат во контејнери со влажен песок и треба да се чуваат во ладна просторија каде температурата се движи од 4 до 10 ℃. На пролет, треба да се пресадат во саксии исполнети со мешавина од перлит, крупен песок и тресетна мов. Се садат на постојано место откако ќе достигнат висина од 60 до 90 см.

    Одгледување и одржување на багремот

    Багремот нема посебни барања, отпорен е на ветер, не треба да се оплодува и штом ќе се вкорени не треба да се полева. Единствено важно е да е засадено на место каде што добива доволно сончева светлина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ако го оставите подолго време без надзор, багремот ќе формира густа масаа која тешко ќе се расчисти. Во тој случај, може да го загрози биодиверзитетот бидејќи неговото ширење може да доведе до исчезнување на автохтоната вегетација. Поради оваа причина, багремот треба да се сади на сè посиромашни почви, наместо на парцели со земјоделски култури или автохтони видови. За да не се шири неконтролирано, во текот на сезоната на растење треба да се закрои или да се користат одредени хербициди.

    Болести и штетници

    Нема значајни штетници кои би можеле да му наштетат на багремот, но може да се појават некои инсекти кои ги напаѓаат листовите на почетокот на пролетта. На крајот на летото може да се појават инсекти кои влегуваат во дрвјата каде што се гнездат и се размножуваат. Нападнатите дрвја добиваат изгорен изглед и заостануваат во растот. Помалку штети можат да предизвикаат разни глодари и дивеч кои поради недостиг на храна можат да ја изгризаат кората или корените на багремот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img