Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаАгро советиМикроалги во исхраната за подобар раст на телињата

    Микроалги во исхраната за подобар раст на телињата

    petel baner

    Вкупно 50 телиња од расата холштајн биле хранети со различни количини на микроалги во рамки на истражувањето.

    Додавањето на микроалги во исхраната, исто така, го подобрило одбранбениот систем на животните.

    Научници од Кина и Ирска истражиле до кој степен употребата на микроалги влијае на ефектот на раст и здравјето на телињата.

    Otkup na kompiri

    Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Animal Feed Science and Technology“.

    Со цел да се спроведе ова истражување, 50 телиња од расата холштајн биле хранети со различни количини на микроалги. Десет животни кои не ги добивале во храна припаѓаат на контролната група. Десет од нив добиле по пет грама, десет телиња 10 грама, а потоа 20 и 40 грама дневно. Сите биле хранети со полномасно млеко од четвртиот до 22 ден од раќањето, а потоа со замена за млеко до 60 дена старост.

    Според резултатите, телињата хранети со 20 грама алги добиле најмногу на тежина, 15 отсто од дневното зголемување на телесната тежина во споредба со контролната група. Сепак, оние кои се хранеле со 40 грама се здебелиле помалку.

    Микроалгите го зајакнуваат и одбранбениот систем

    Истражувачите веруваат дека телињата се угоиле поради влијанието на докосахексаеноичната киселина (DHA). Таа припаѓа на омега-3 масните киселини, за кои се верува дека ја стимулираат синтезата на протеините во мускулите.

    agrounik

    Додавањето на микроалги, исто така, го подобрило одбранбениот систем на животните. Концентрациите на серумската каталаза и глутатион пероксидаза се зголемуваат линеарно со зголемување на дозата. Според научниците, тоа укажува на подобрен антиоксидативен статус, а со тоа и на подобра здравствена состојба на телињата.

    Нивниот заклучок е дека 20 грама микроалги дневно се идеални за подобрување на растот и здравствените перформанси на телињата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Дополнително, докажано е дека воведувањето алги во исхраната на кравите ја намалува емисијата на гасови. Така, истражувањето објавено на почетокот на годината откри дека таквиот начин на хранење го намалува испуштањето на метан (CH4) во атмосферата за 82 отсто.

    Тестот утврдил дека микроалгите не влијаат на вкусот на млекото или месото.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img