Есента нуди многу плодови, па вкусното есенско овошје можете да го искоритите и да го искомбинирате во една чаша здраво и свежо смути кое ќе ви даде енергија.
Ова е совршениот рецепт за највкусно есенско смути кое одлично ги комбинира есенските вкусови.
Состојки:
– 2 киви
– 1 големо јаболко
– 1 портокал
– сок од половина лимон
– мед
– цимет
– 1 дл вода
Подготовка:
Излупете го овошјето и ставете го во блендер.
Постепено сипете ја водата, а потоа додадете ги циметот и медот и продолжете да мешате. Сипете во чаша и учивајте во есенските вкусови.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.