Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако максимално да ја искористите природната сончева светлина во вашиот дом?

    Како максимално да ја искористите природната сончева светлина во вашиот дом?

    petel baner

    Иако има многу причини за уживање во зима, како што се пријатни вечери покрај камин, дружење со пријателите и семејството додека надвор паѓа снег, сите знаеме дека овие студени месеци со себе носат кратки денови и минимални часови сончева светлина.

    Додека свеќите, светилките и другите облици на осветлување секако помагаат, нема замена за вистинската природна светлина. Значи, што можете да направите за да бидете сигурни дека вашата куќа добива што е можно повеќе природна сончева светлина оваа зима? Дизајнерите на ентериер ги предлагаат следните решенија.

    Otkup na kompiri

    1. Закачете огледало (или неколку)

    Огледала – што би правеле без нив? Тие се функционални, декоративни и можат да помогнат просторот да изгледа поголем. „Користењето на огледалата е едноставен начин за дифузија на постоечката природна светлина во други области во просторот“, објаснува дизајнерката Мари Клауд. „Совршеното огледало навистина може да осветли мрачен темен простор“.

    Сепак, постои одреден начин на поставување на огледалата што е најзгоден.Најдобро е да ги поставите огледалата така што тие се свртени кон прозорецот. Обидете се да користите поголеми огледала за неверојатен ефект“.

    Размислете и за тоа што огледалото ќе рефлектира во позадина. „Важно е внимателно да процените она што ќе биде пред огледалото пред да го купите“, вели дизајнерката Мишел Мартел. „Рефлексијата треба да го подигне просторот. Внимавајте на неуредните клупи или неуредните полици. Огледалата треба да ги покажат најдобрите елементи од вашиот дом“.

    2. Бојадисајте ги ѕидовите бело

    Доколку бојадисувате соба, предлогот е да користите класична, остра бела боја. Белата боја изгледа едноставно и е еден од најефикасните начини природната светлина веднаш да влезе во просторот.

    3. Ставете нешто сјајно во просторот

    Додавањето сјајни предмети може да помогне природната светлина да отскокнува низ собата. Набавете мебел кој има сјајни елементи кои ќе ги рефлектираат светлосните зраци.

    4. Размислете за обликот на мебелот

    Набавете мебел чија структура ќе го подобри протокот на светлина во вашиот дом. Имајте на ум дека гломазните предмети го блокираат протокот на светлина во просторот, па при изборот на мебел одлучете се за некои помали димензии кои исто така ќе влијаат на воздушноста на вашиот простор.

    agrounik

    5. Изберете го вистинскиот материјал

    Имајте го ова на ум и материјалите кога купувате мебел. Најдобрите материјали се оние кои ќе го максимизираат протокот на светлина, имено акрилик, ратан и други проѕирни опции.

    6. Одржувајте ги прозорците

    За да не се блокира протокот на светлина, важно е и прозорците да бидат чисти. При уредување на мебел и предмети, имајте на ум дека ништо не треба да се поставува директно пред прозорецот. Што се однесува до завесите, изберете лесни материјали кои ќе ја пуштат светлината да тече. Друга опција се проѕирните завеси, кои овозможуваат проток на светлина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    7. Додадете шарени елементи

    Размислете за бојадисување на таванот, или пак за светли и шарени тапети на дел од ѕидот, бидејќи боите визуелно ќе ви го „отворат“ просторот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img