Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиЗемјите во светотот го ограничуваат извозот на храна и ѓубрива

    Земјите во светотот го ограничуваат извозот на храна и ѓубрива

    petel baner

    Светската трговска организација (СТО) предупредува дека земјите ширум светот ги олабавуваат прописите за увозот, а го ограничуваат извозот, особено на храна и ѓубрива.

    Во последните 12 месеци, до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки со кои ја унапредија трговската размена отколку ограничувањата.

    На тој начин, месечно, во просек, воведени се најмногу мерки за унапредување на трговијата од 2012 година, покажуваат пресметките на СТО. Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнаа да се следат податоците.

    -Членките засилено ги применуваа новите ограничувања во трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата. А од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна, изјави шефицата на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала. Во такви услови земјите првенствено го ограничуваа извозот на храна, утврди СТО.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната во Украина, кон крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила. Ова одговара на приближно 56,6 милијарди долари трговска размена, наведува генералната директорка на СТО.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img