Вкусен и лесен колач со портокал кој се подготвува за помалку од еден час, а сите намирници веќе ги имате дома.
Подгответе го овој лесен десерт и уживајте во неговиот прекрасен вкус.
Потребни состојки за колач со портокал:
4 јајца
1,5 чаши шеќер
Половина чаша масло
2 чаши брашно
1 пециво
Половина лажичка сол
Половина чаша сок од портокал
Изрендана кора од два портокала
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Измешајте ги во друг сад брашното, прашокот за пециво, солта и ванилиниот шеќер. Спојте ги двете смеси и додадете го сокот од портокал.
Мешајте додека да добиете мазна смеса. Додадете ја кората од портокал. Печете околу 40 минути.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK