Протест на производителите на oриз во Облешево кои денеска протестираа и излегоа со својата земјоделска механизација по магистралниот пат од Облешево до Тркање и назад.
Во моментот оризовата арпа се откупува од 17 до 20денари. Со оваа цена не можат да се покријат ни најосновните трошоци за производство рекоа штрајкувачите . Штрајкувачите побараа цената на оризовата арпа да биде 25 денари.
Оризопроизводителите од кочанско бараат воведување на интервентна мерка од пет денари по килограм оризова арпа. Сметаат дека само така ќе се спаси досега најлошата година во производството на оризовата арпа.
На целата мака доцнат и субвенциите.