Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеДомашен лек од кромид и мед против кашлица

    Домашен лек од кромид и мед против кашлица

    petel baner

    Домашниот природен лек од кромид помага во лекување кашлица, течење на носот, воспаление на грлото и други болести, а може да се дава и на деца.

    Сирупот од кромид е едноставен за подготовка, евтин и здрав. Може да се дава и на мали деца и на возрасни луѓе, пред сè поради кашлица и болки во грлото. Кај кашлицата ја намалува количината на слуз или спречува да се формира.

    Кромидот е богат со здрави состојки, фолна киселина, калциум, фосфор, магнезиум, хром, железо, растителни влакна и јод. Основата на лековитиот успех на кромидот е тоа што содржи витамини А, Б1, Б2, Ц.

    Otkup na kompiri

    Ефикасно лекува анемија поради големото количество на железо, помага во намалувањето на холестерол и спречува срцев напад. Од голема корист е во борбата против настинки и сите видови инфекции. Остриот мирис прави консумирањето на сирупот да ја забрза циркулацијата, што предизвикува потење, па затоа е корисно кај настинките.

    Покрај тоа, сирупот од кромид ја намалува температурата.

    Рецепт за сирупот:

    1 поголема главица кромид

    2 до 3 лажички мед или шеќер

    agrounik

    Подготовка:

    Исечете го кромидот на помали коцки и сипете мед или додајте шеќер. Оставете да стои поклопено неколку часа. По 2 до 3 часа исцедете 4 до 5 мл од сирупот. Најдобро е секој ден да правите нов сируп за да добиете што повеќе здрави состојки. Може да додадете и ситно исецкан лук.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Користете 5 мл од сирупот, два до три пати дневно.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img