Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛикер од јајца

    Ликер од јајца

    petel baner

    Ликер од јајца со право се смета за еден од „рецептите на светот“. Тоа е ароматичен, сладок, кремаст пијалок кој е богат со зачини. Засладува и грее, а традиционално се пие во зима, за време на празници. Со задоволство го пијат во САД, Канада, Холандија, скандинавските земји, а ни на нашите домаќинки не им е непознат. Идеален е како божиќно уживање, и убав крај на долгиот пост.

    Постојат различни верзии на овој ликер во различни земји, но во секој рецепт основата се состои од изматени јајца. Може да се пие или да се користи за подготовка на десерти.

    Otkup na kompiri

    Имајте на ум дека ова е исклучително калоричен и хранлив напиток, кој треба да се консумира умерено. Жолчките од јајце се корисни за здравјето во студените зимски денови, го зајакнуваат имунитетот и отпорноста на организмот, а поволно делуваат и на функционирањето на бубрезите, црниот дроб и мозокот.

    Ликерот од јајца се чува во фрижидер и се служи целосно ладен. Се служи во широки чаши и украсен со цимет.

    Еве како да го подготвите:

    Во тенџере измешајте литар млеко, неколку каранфилчиња и малку цимет и загрејте неколку минути на тивок оган.

    agrounik

    Во посебен сад се матат десет жолчки со 300 гр шеќер за да се добие пенеста маса, па постепено со постојано мешање се додава зачинетото топло млеко. Сè заедно ставете во тенџере и варете неколку минути.

    Смесата треба да се згусне, а во никој случај не смее да загори бидејќи ќе добие непријатна миризба која би го уништила ликерот. Готовата течност процедете ја, а кога ќе се олади додадете 400 грама слатка павлака, две лажички екстракт од ванила, 250 мл рум и морско оревче по вкус.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Вака подготвен ликер може да стои во фрижидер десет дена, па дури и малку повеќе. Наместо рум, можете да користите и ракија со неутрална арома, како и коњак.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img