Кога купувате трактор, без разлика на намената, марката или годината на производство – задолжителна е проверка на деловите поединечно, што ќе Ви го олесни купувањето. Меѓу првото треба да го проверите моторот на тракторот, менувачот и хидауликата. Притоа не заборавајте да го проверите и акумулаторот, дали губи масло, чадот при палење на тракторот и состојбата на гумите.
Ако се менувачот и моторот на тракторот лоши, тогаш тој трактор нема уште долго да работи, а ремонт и смена на овие делови ќе Ве чини многу, посебно кај странските марки. Помал трактор, бара и помалку вложување, додека на големите трактори, само гумите се многу скапи кои се големи, но обратете внимание и на другите работи-односно дали е сервисиран и дали се гумите сменети.
Повелете разгледајте што се продава во земјоделската вибер група.
Секогаш постојат некои работи кои не може да ги предвиди ни најдобриот механичар, а тоа е дека секоја машина си има свој рок на траење. Денеска може да биде во одлична состојба, а додека утре да прави проблеми, затоа е потребно секојдневно одржување на тракторот. Советуваме тракторот да го купите по препорака, од некој кој може да гарантира за него.
Убаво отворете очи и не гледајте ја само цента да не биде она народната:
Сиромавиот плаќа два пати.