Министерот повика на трпение да се почека да се отворат сите откуни пунктово за да се види како ќе се одвива откупот.
Тогаш би имале појасна слика од состојбата на теренот. Ги охрабрува тутунарите доколку забележат нерегуларности и неправилности при процедурите за откуп на тутунот веднаш да ги пријават на надлежните и да ги искористат законските можности да ги блокираат пунктовите и да побараат второстепена комисија на која и он лично ќе присуствува.
Оваа година дали е тутунот со послаб квалитет, дали намерно се руши цената бидејќи има голем број на забелешки при вреднување на тутунот останува да видиме. На средбата и откупувачите искажале забелешки кои што ги имале кон тутунарите дека некои од нив намерно сакале да наметнат други класи во откупните кутии.
Да се надеваме дека оваа средба ќе вроди со плод и дека ќе се изнајдат решенија.
Се размислува и за укинување на 4 класа на тутунот.