Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиМакедонискиот тутун е еден од најквалитетните во светот

    Македонискиот тутун е еден од најквалитетните во светот

    petel baner

    Во американскиот весник The Columbus journal, од 13 октомври 1909 година (како и во уште неколку други весници), за квалитетот на македонскиот тутун пишува:

    agrounik

    “Кажано е од страна на еден патник дека најдобриот тутун за цигари во светот доаѓа од Македонија, дека најдобриот тутун (кога воопшто се работи за тутунот) во европските цигари доаѓа од Македонија, и дека кога не доаѓа од Македонија лажат дека доаѓаат од таму.”

    Otkup na kompiri

    Оствареното производство на суров тутун за овој период изнесува околу 24.678,тони. Ова значи дека Република Македонија, многу години наназад, има стабилно производство на тутун. Бидејќи тутунот 99% е наменет за извоз на странските пазари и приливот на средства за производителите е доста голем и влијае на зголемувањето на нивниот стандард, односно ги намалува социјалните случаи во реоните каде што се одгледува. Оваа констатација доаѓа оттаму
    што на површините каде што се одгледува тутунот не постои друга
    алтернативна земјоделска култура, која не дава ни приближно приход колку што дава тутунот. Исто така, не треба да се потцени и нето-приливот на девизни средства од извозот на обработен тутун, кои го ублажуваат девизниот трговски дефицит на Македонија“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Производството на тутун во Република Македонија се организира просечно на околу 18.270,6 ha. Со производство на тутун се занимавале околу 33.000 семејства до 2013 година.

    Производството на тутун во Република Македонија е застапено во сите осум региони, односно во 58 општини. Во 26 општини во испитуваниот период не е регистрирано производство на тутун.

    Најголемо процентно учество на површините под тутун во однос на вкупната површина под ораници и бавчи во општината има во општина Крушево со 31,59%, потоа доаѓаат општина Радовиш со 25,76%, општина Долнени со 24,98% и општина Конче со 22,07%. Исто така и општина Ново Село има повисок процент, кој изнесува 18,97%.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img