Покрај многу темната бронзена боја, Darkstone F1 се карактеризира со голема пропорција на сува материја и цврстина на главицата, што овозможува долгорочно складирање и отпорност на штета што се јавува при берба, преработка, транспорт, итн.
Кромидот е храна богата со хранливи состојки и без неа не можеме да замислиме скоро ниту едно јадење. Иако може да донесе солзи на окото и да остави лош здив, содржи високо ниво на витамини Ц, А и Е кои се одлични антиоксиданти.
Еден од новите хибриди го разви италијанската компанија Маралди Сементи и се карактеризира со многу темна бронзена боја. Наречен е Даркстоун Ф1, и поради високиот принос, униформно зреење, формата и големината, задоволува широк синџир на снабдување во Италија.Погоден e за подолго складирање.
Ги потврди своите перформанси во земјите од Балканот, Централна и Јужна Европа, Украина и јужна Русија, каде што добро се прилагоди.До пред неколку години овие земји главно гледаа на приносот во однос на квантитетот, додека денес тие обрнуваат внимание на квалитетот при складирање, како и на униформноста на големината.
Шпанија и Холандија се најголемите производители на кромид.
Според податоците на Евростат, во 2018 година биле произведени 5,9 милиони тони од овој зеленчук, а главни земји што го одгледуваат се Шпанија и Холандија. Заедно, тие учествуваат со 43,2% во неговото производство.