Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

More
    домаАгро советиЕсенско одгледување спанаќ, важно е добро да се израмни почвата и да...

    Есенско одгледување спанаќ, важно е добро да се израмни почвата и да се изберат поотпорни сорти

    petel baner

    При рачна сеидба, растојанието меѓу редовите е условено од начинот на производство и видот на хибридот, и се движи од 10 до 25 сантиметри, додека проредот на редовите зависи од големината на семето.

    Одгледувањето спанаќ во затворено е карактеристично за зимскиот период. Во овој случај, тоа е второ по плодоред или како претходна сеидба за пролетно производство. Откако ќе бидат направени сите потребни земјоделски техники, почвата се израмнува и сее. Израмнувањето е исклучително важна операција при садење на овој зеленчук бидејќи рамниот површински слој на почвата овозможува сеење на иста длабочина, што подоцна се манифестира преку рамномерно појавување на растенијата. Униформниот раст и развој на земјоделските култури влијае на рамномерна заштита и оплодување, и како резултат се добива еднаков принос. Исто така, на рамна површина е поефикасно да се создаде и одржува заштитен слој, по употребата на хербициди.

    Otkup na kompiri

    Израмнување на земјиштето како задолжителна мерка

    Сеењето се врши на два начина. Може да се направи рачно, користејќи рачни или со пневматски (модерни) сеалки. Кога станува збор за сеидба во заштитено простор, тоа најдобро се прави рачно. При рачна сеидба во редови, растојанието меѓу редовите е условено од начинот на производство и видот на хибридот, и се движи од 10 до 25 сантиметри, додека проредот на редовите зависи од големината на семето.

    agrounik

    Машините за оваа намена се конструирани врз принципот на слободен пад на семето, па затоа не е можно прецизно да се распореди. Важно е само да се одржи истото растојание на редот, со цел подобра циркулација на воздухот и аерација на почвата. Длабочината на која се сади е 2-3 см и тука е значително добро да се направи квалитетно израмнување на почвата. По сеидбата, се врши наводнување со мала количина вода. Во просек, доволно е 8 -12 литри на метар квадратен. Ова е проследено со дополнително израмнување на почвата за да се добие површина на која ефективноста на хербицидот е целосно успешна. Примената на помала норма е исто така затоа што семето лежи плитко, односно во површинскиот слој на почвата.

    Редовно проветрувајте, иако е зима

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    По наводнувањето, се користат хербициди, чиј механизам на дејствување е блокирање на ‘ртење на теснолисниte и делумно широколисни едногодишни плевели. Како ќе се изврши заштитата е условено пред се од условите во пластеникот и видот на спанаќ.

    Препорака на експертите е да се изберат поотпорни сорти, со цел да се намали бројот на третмани на растенијата. Неопходно е да се следи состојбата на посевите за да се преземат превентивни активности доколку е потребно. Вентилацијата на објектот е задолжителна мерка, иако е зимски период бидејќи на тој начин се регулира влажноста на воздухот, што во комбинација со повисока температура овозможува услови за развој на болести на растенијата.

    Со користење на агротекстил лутрасил, времето на одгледување може да се скрати до 10 дена. Пожелно е да се постави на потпори, бидејќи тоа создава воздушен простор што може брзо да се загрее или лади, во зависност од потребата.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img