домаАгро советиМалината најскапа во последните 15 години: цената продолжува да расте

Малината најскапа во последните 15 години: цената продолжува да расте

Pneumatik baner

Залихите рапидно опаѓаат, наведувајќи ги како пример САД, кои на 30 септември имаа на располагање 12 проценти помалку малини отколку во истиот период минатата година. Состојбата со корона вирусот, како и бројни нови истражувања за неговите лековити својства, доведоа до забрзан раст на побарувачката.

petel baner

Лековити својства на малината

Семенарна хоризонтален банер

Резултатите од истражувањето го потенцираат поволниот минерален состав, содржината на витамини C, K и B. Конзумирање на релативно мали количини малини, имаат алкализирачки својства и минералите како калциум и калиум, придонесуваат за подобрување кај болести како гихт, ревматизам и артритис. Докажано е дека антиоксидансите од малина го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди во крвта, како и ризикот од хипертензија. Една клучна причина зошто потрошувачите исплашени од корона вирусот трошат повеќе малини и други бобинки за време на пандемијата е тоа што има антиинфламаторно дејство врз бројни процеси во човечкото тело.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Она што доведе до скок на цените е зголемената побарувачка во година кога малините лошо родија заради неповолните временски услови. Тековниот дефицит на малини, не може да биде компензиран значително од ниту една земја во светот, што отвора голема шанса за домашните производители.Решението не е секогаш во подигање на нови насади како најповолна можност поради недостаток на квалитетен саден материјал, туку дека одгледувачите на малини треба повеќе да се посветат на грижата за постојните насади и да го извлечат максимумот од нив.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img