Вчера официјално беше отворен првиот меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад, каде 184 изложувачи со своите производи и услуги од осум земји ќе се претстават во виртуелна форма: Чешка, Холандија, Хрватска, Италија, Унгарија, Турција, Шпанија и Србија се учесници на овој саем. Ова е прв виртуелен саем на Балканот и претставува добар пилот проект, во наредниот период ќе продолжи да работи во тој формат, а со крајот на пандемијата ќе може да организира вистински саеми. Со оглед на околностите во кои што живееме заради пандемијата, а стремежот е да се оди во насока на дигитализација, се најде простор и привлечна апликација преку која ќе се создаде квалитетен саем.
Директна видео и аудио комуникација на излагачи и посетители
Попусти и промоции за посетителите се подготвени на годинашниот Саем за земјоделство, кој ќе трае од 14 до 18 декември. Ќе се одржат повеќе од 50 конференции, веб – обуки, промоции и презентации. На изложбата за добиток учевство ќе земат 31 одгледувач од Србија, а ќе бидат промовирани најдобро оценети производи и услуги во 2020 година.
Директен контакт помеѓу излагачите и посетителите се обезбедува преку видео и аудио повик и е-пошта. Посетителите и изложувачите се среќаваат во реално време, во однапред договорено време.