Резидбата е најважна мерка која се извршува кај сите овошни видови, со цел да се добие редво плодоносење. Секој овошен вид има свои специфични барања во резидбата, кои се условени и зависни од подлогата и системот на одгледување. Према периодот од животниот век кај овошките разликуваме:
1. Резидба на млади овошки која е насочена кон формирање на систем на одгледување.
2. Резидба на родни овошки која е насочена кон: регулација на вегетативниот и генеративниот развој, односно осигурување на редовна родност со висок квалитет на плодовите.
Според времето на извршување, резидбата се дели на зимска и летна.
Зимската резидба
Зимската резидба се извршува почнувајќи од падање на лисјето и може да трае во текот на целата зима, се до потерување на цутните папки.
При тоа, мора да се води сметка во деновите со негативна температура. Да не се врши резидба бидејќи дрвото е смрзнато, тешко се сече, често напукнува, а пресеците споро зараснуваат.
Целта на резидбата е да ја држи овошката во равнотежа и да ја намали појавата на алтернативна родност. Истата се сведува на три основни мерки: Проредуваое, скратување и виткање на гранките.
Проредувањето значи отстранување на леторасти или други гранки до основата. Кај оставените леторасти од терминалната папка се развива побуен летораст, а од страничните папки се развиваат куси гранчиња кои се трансфпрмираат во родни.
Поради ова проредувањето на гранчињата се вика резидба на род и се препорачува за млади овошки кои сеуште не стапиле во род. Додека кај овошките во род истото се иузвршува заради подпбро осветлување на круната, опсебно во внатрешноста на истата.
Скратувањето е зафат со кои се врши прекратување на гранчињата. Најчесто се применува за прекратување на продолжинците. Со скратувањето на леторастите се потенцира вегетативниот прираст, при што нема формирање на цветни папки.
Скратувањето на леторастите се изведува над папката, со кос рез на спротивната страна на папката.
Виткањето е операција со која обрастувачките и родните гранчиња се доведуваат во хоризонтална или свисната положба со цел да диференцираат цветни папки.