За денес во 15 и 30 часот најавена е средба помеѓу министерот за земјоделие и тутунарите.
Средбата е предвидена да се одржи пред општинската зграда во Прилеп.
За да нема забуна и несогласувања помеѓу Тутунарите најавуваат дека ќе побараат доколку новиот договор е во полза на Тутунарите тој да биде склучен во писмена форма.
Да се надеваме дека ќе се реши проблемот околу тутунот и неговиот откуп бидејќи огромен број семејства зависат од оваа култура.