Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро совети"Овчарска торбичка" - лековити својства

    “Овчарска торбичка” – лековити својства

    petel baner

    Capsella bursa-pastoris или овчарска торбичка е плевел што припаѓа на семејството (Brassicaceae), кој вклучува многу видови зеленчук со кои се среќаваме секој ден. Позната е уште од античко време, а се користела во средниот век при лекување на разни крварења. Распространета е на сите континенти. Едногодишно растение со низок хабитус, висок од 10 до 60 см. Има розета формирана од неправилно назабени листови, слична на глуварчето, здружени соцветија, составени од ситни, бели цвеќиња се развиваат на горниот дел од стеблото и гранките. Цвета од март до ноември. По должината на стеблото има грутки во облик на срце, во кои има мали, црвеникаво-жолти семиња.

    agrounik

    Кога зрее, мешунките пукаат на два дела, семето паѓа и се шири. Можеме да го најдеме насекаде затоа што расте „на секој чекор“, на патишта, ливади, стрништа, запоставена земја, покрај патишта, па дури и во пукнатини на sидови и тротоари. На земјоделско земјиште, тоа е проблем поради високото производство на семе. ‘Ртење на овчарската торбичка започнува на есен и се јавува кај житни култури, маслодајна репка, шеќерна репка, грашок, лозја и овоштарници. Се сузбива со примена на хербициди.

    Otkup na kompiri

    Сепак, има и одредени лековити својства, поради кои можеме да ја користиме.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Содржи биогени амини, алкалоиди, органски киселини, гликозиди и флавоноиди. Една од поважните состојки е флавоноидниот пептид диосмин поради неговите својства на згрутчување на крвта. Во “овчарската торбичка” уште можеме да најдеме калиум, калциум, железо, па дури и некои витамини, како што се витамин Ц, Б1, Б2 и К, поради што лисјата може да се консумираат како салата. Можеме да ја користиме целата надземна билка (Bursae pastoris herba), и ја собираме за време на нејзиното цветање, што значи од март до ноември. Целото стебло се собрира заедно со лисјата, стебленцата и цвеќињата. Потоа може да се стави на сушење, но некои веруваат дека губи дел од своите лековити својства, па затоа препорачуваат да се користи свежа. Сушењето најдобро се прави на отворено место под сенка, а некои препорачуваат да се искорени, да се врзе во пакет и да се исуши обесено на отворено место. По сушењето, растителните делови се сечкаат и се чуваат во темна тегла.

    Се смета дека запира разни крварења, а кинеските лекари го нарекуваат лек кој ја „лади крвта“. Запира крварење од носот, белите дробови, раните, цревата, желудникот, бубрезите, хемороидите и разни други крварења. Значајно е по тоа што помага при болна, долга и тешка менструација и воспаление на мускулното ткиво на матката. Се користи и како помагало при породување затоа што го стимулира породувањето.

    Многу важно својство е можноста за регулирање на висок и низок крвен притисок со активни супстанции кои ги стеснуваат крвните садови и ги зајакнуваат нивните sидови. Се користи и за подобра функција на цревата, за болки во стомакот, против песок во жолчката, мочниот меур и бубрезите, за кашлање, артритис, треска, кожни и многу други болести. Се користи во форма на чај, мешавина, сок или прав. Може да се комбинира со други растенија како коприва, ајдучка трева, камилица, коњски опаш, невен и др. Во ветеринарната медицина може да се користи против внатрешно крварење и површни рани на животни, а нејзините несакани ефекти не се пријавени. За висок крвен притисок и артериосклероза се користи во форма на чајна мешавина.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img