Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро советиПравилно одржување на земјоделската механизација

    Правилно одржување на земјоделската механизација

    petel baner

    Земјоделската механизација како што е познато бара внимателно одржување бидејќи тоа e основен чинител кој влијае на подолгиот век на траење и на исправно работење во текот на експлоатацијата. При употреба машините и алатките се изложени на различни внатрешни и надворешни влијанија, па е потребно да се заштитат а во период кога се во мирување да се конзервираат на соодветен начин, така што кога се јави потреба што полесно и што побрзо да се пуштат во употреба.

    При одржување на земјоделската механизација, погонска и приклучна посебно внимание треба да се посвети дали одржувањето се однесува на:

    Пред почетокот на сезоната

    За време на сезоната

    По завршување на сезоната

    Секое од овие одржувања има свои специфичности и посебности но ние ќе се задржиме на одржување пред почетокот на сезоната бидејќи таа ни е на прагот.

    Ќе претпоставиме дека по завршетокот на сезоната е завршена третата фаза односно е извршено конзервирање.

    Agrobot

    Прв чекор е деконзервирање, кое се состои во отстранување на заштитата, потоа следува визуелен преглед за проверка на исправноста и евентуално оштетување, поради замена или поправка на одредени делови кои се дотраени или оштетени. Следува подмачкување и пуштање во пробна работа. Ако се забележат неправилности при работа на машината, приклучната машина се подесува се додека не се добие саканиот ефект. Се ова се прави по упатствата на производителот а резервните делови треба да се оригинални. Исто така многу е битно да се евидентираат сите поправки и трошоци.

    Тракторот како една од многуте машини на земјоделското стопанство, зазема прво место по важност, бидејќи тој е основна погонска машина која се користи за изведување на сложени технолошки процеси во производството на различни земјоделски производи. Заради неговата важност, и заради цената на чинење, треба да му се посвети посебно внимание при одржувањето и правилното ракување со него.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    ПРАВИЛНОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ТРАКТОРОТ Е ПРЕСУДНА ЗА НЕГОВА ДОЛГОВЕЧНОСТ

    После зимскиот период а пред пуштање на тракторот во употреба, треба прво да се провери притисокот во гумите, потоа треба да се вгради акумулаторот, да се провери нивото на електролитот кое треба да биде 1см над плочите а по потреба да се дотури дестилирана вода. Исто така треба да се провери нивото на маслото во моторот и хидрауликата и филтерите за воздух. Се проверува нивото на течност во резервоарот на системот за ладење, и резервоарот за гориво исто така се надополнува, но мора да се обрати внимание на чистотата на горивото . После завршување на овие работи, моторот на тракторот се стартува и се пушта да се загрее до работна температура, тоа е знак дека моторот не загрева и со него е се во ред. Но да би се пуштил тракторот во работа треба уште да се провери исправноста на уредите за кочење и управување. За да работата со тракторот биде што посигурна и што поудобна треба сите лагери и спојки да се подмачкаат со товатна маст а некои спојки по потреба да се затегнат.

    Во денешно време на многу скапи и сложени земјоделски машини многу е важна и едукацијата на ракувачот со тие машини како и нивно редовно и квалитетно одржување.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img