Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

22.8 C
Skopje
Friday, July 26, 2024

More
    домаАгро Вести"Медена земја" - не така медена за Атиџе Муратова

    “Медена земја” – не така медена за Атиџе Муратова

    petel baner

    За успехот на “Медена земја”, документарец кандидат за оскар изминатава година, не треба многу да се зборува. Целиот народ, од обичниот човек па се до политичката фела, сите беа обединети во тоа дека една обична, едноставна, тивка жена, заборавена во нејзината сиромаштија, успеа да му покаже на целиот свет како со несебичност, посветеност и многу љубов кон животот може да се успее и да биде препознаено она што вреди. Сега некој ќе праша, што има врска оваа сторија со името и целта на оваа страна? Па како не, секој кој го гледаше “Медена земја”, знае дека Атиџе и самата преку нејзината најголема љубов пчелите не научи дека само со споделување и несебичност “половина за мене – половина оставам на пчелите”, се доаѓа до посакуваната цел, а пчелите се голем дел од нашето секојдневие, поготово на Вас земјоделците.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Немаше да има потреба да се вклучиме во целата приказна доколку сите оние погоре споменати не ја заборавија. После само еден ден од завршувањето на сагата, сликањето, китењето со туѓи перја. Сега откако помина целата таа бајка, пепелашка се враќа во својата сромаштија и потребна и е помош од секоја можна страна. Една таква помош доаѓа од познатата водителка и пејачка Сузана Турунџиева која огромната желба прво лично да ја запознае, подоцна ја преточува во обид и директно да помогне . Првата конкретна помош стигна во облик на “хуманитарен базар”, на кој се изложуваа и продаваа (прополис од пчелите на Атиџе, книги од Сузана Турунџиева и отец Пимен, принтани блузи, заштитни маски, и др.). Собраните средства ќе бидат наменети за уредување на куќата која Атиџе ја добила за улогата во филмот.

    Самата куќа е тотално нефункционална во која освен струја и вода нема услови за живење (нема фасада, под, бојлер за топла вода), практрично нема ништо. Потребно е се , од тавче, чинија, буквално се што е потребно за нормално живеење – додава Турунџиева. Во продолжение вели дека ќе продолжи со организирање на овие хуманитарни акции се до конечно средување на живеалиштето.

    Сепак на прашањето дали ова значи дека ги остава пчелите и се сели во Скопје каде престојува деновие, таа одлучно негира ” Не, ќе си живеам во Дурфулија, а во Скопје ќе дојдам доколку треба да дојдам да пејам, како би го исполнила аманетот од нејзината покојна мајка, никогаш да не престане да пее“.
    На оваа храбра жена останува само да и се посака среќа во животот , а оние кои што треба да го препознаат нејзиниот аманет за животот , како што тоа го направи светот и и се поклони пред речиси една година, да го направат тоа во најкус можен рок, не само вербално туку и материјално.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img