Број на добиток и живина се намалува од година во година.
Сточарите постојано алармираат за тешките услови, ниски откупни цени, нередовни субвенции, младите бегаат во странство итн. на проблемите им нема крај и само се зголемуваат.
Социјалните мрежи се единственото место каде што тие го изразуваат својот глас.
Затоа ова ни се случува со бројот на добитокот и живитната во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, во споредба со 2018, вкупниот број на говеда е намален за 15.0%. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 15.1%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 10.4%.
Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2019 година, во споредба со 2018 година, е намален за 59.5%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 14.6%.
Намалување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4.9%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 42.6%.
Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 25.1%, а кај деловните субјекти за 44.2%.
Бројот на живината во 2019 година, во споредба со претходната година, е намален за 14.6%.
Податоците се земени од државниот завод за статистика