Ќе дојде време на лажнипророци што божем во мое име ќе ве збираат по плоштадите, ќе креваат врева до небеси, ќе се бувтаат во градите. Немојте да им верувате! Тие мислат само на себеси. Бес ги распина внатре душите да ви ги затре. Тие варосани гробови! Не да им станете робови!