Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиСовети за одгледување Зелка

    Совети за одгледување Зелка

    petel baner

    За рано пролетно производство на зелка најповолни за производство на расад се топли објекти во кои се регулираат условите според потребите на развојната фаза.

    Производство на зелка

    Семето прортува на 4°С а оптимална температура за никнење на зелката е 18-20°С.

    Otkup na kompiri

    Никнува за 3-4 дена.

    Расадот се произведува во контејнери или во саксии на квалитетен супстрат. Контејнерите не смеат да бидат ставени директно на подот во пластеникот, туку на некои носачи (палети). Така по природен пат се ограничува порастот на коренот и се насочува во самиот контејнер. Така се формира јак коренов систем кој по расадувањето во добри услови има брз пораст.

    За расадување стасува за 40-45 дена и се расадува во фаза со 3-5 прави листови.

    Пролетната зелка најчесто се одгледува во поевтини пластеници – тунели или подоцна на отворено. Се расадува на растојание 50-60 см помеѓу редовите и 35-40 см во редовите. По расадувањето се наводнува.

    Во текот на вегетацијата се наводнува на 7-10 дена со 15-20 литри вода на м2.

    Со систем капка по капка се наводнува почесто (пр.: секој втор ден 1-2часа). Сепак ова не е правило, туку зависи од температурата, облачноста, фазата на развојот. 

    Треба да се наводнува рано наутро или навечер кога температурите се пониски.

    Расадување и нега:

    Раната зелка има скромни температурни барања и поднесува краткотрајни ниски температури до -2°С.

    Температури над 25°С негативно влијаат на растот и развојот на раната зелка. Оптималната дневна температура за развој на зелката е 18-20°С за време на сончеви денови, односно 15°С во облачни денови. Навечер треба да е пониска за 4-5°С од дневната.

    Кога одгледуваме во објекти кои што немаат греење и при исклучително ниски температури се прави ова:

    • дополнително покривање со плстична фолија (низок тунел во пластеникот)
    • покривање со агротекстил (агрил) без носечка конструкција

    Вредни производители на зелка

    Прихраната може да се врши со минерални гранулирани азотни ѓубрива или со кристални ѓубрива. Ова се прави преку системот за наводнување, а исто така и со фолијарни ѓубрива преку прскање. Со користење на системот капка по капка се намалува релативната влажност на воздухот. Тоа е важно за налаување на појава на болести кои што се поврзани со релативно висока влажност на воздухот.

    Во почетната фаза на пораст по расадувањето се препорачуваат формулации на кристални ѓубрива. Овие ѓубрива имаат поголема застапеност на фосфорот и се добри при формирањето на кореновиот систем. Потоа во периодот на интензивно формирање на лисната розета треба да се додаваат ѓубрива со поголем процент на азот, а по започнувањето на формирање на главиците треба да се додаваат ѓубрива со поголема концентрација на калиум.

    Исто така, се вршат и 1-2 окопувања со благо загрлување при првото окопување непосредно по раса- дувањето на зелката.

    Во зависност од микроклиматските услови. во пластеникот може да се појават болести на зелката како што се:

    1. гниење на коренот и приземниот дел на стеблото,
    2. пламеница,
    3. пегавост,
    4. бактериоза и
    5. други.

    При превентивна заштита на зелката и треба секогаш да се одберат средства со пократка каренца, поради кратката вегетација на пролетната зелка и обврските на производителите за запазување на принципите на добрата земјоделска пракса.

    Освен болестите, зелката ја напаѓаат и штетници како што се:

    1. мал и голем зелкар,

    2. совица, молец,

    3. бувач,

    4. лисни вошки

    и други но во многу помал број и обем за разлика од летното, есенското и зимското производство на зелка.

    Затоа треба да се следи состојбата на терен и без потреба да не се употребуваат инсектициди. Што е најчесто случај при одгледување на раната пролетна зелка, бидејќи е поретка појавата на штетници и реално може да нема потреба од употреба на инсектициди.

    agrounik
    Берење на зелка

    Време на зреење и берба:

    Пролетната пролетна зелка стасува за берба во зависност од сортата (најчесто за 100-120 дена) во фаза на технолошка зрелост. Приносот варира од 1000 до 4000 кг/декар.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Место на кое Земјоделците ги продаваат своите производи и разменуваат информации Фејзбук група и Вибер група.

    Други совети поврзани со Земјоделието можете да најдете ТУКА.

    Валандовско море

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img