Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаситеЛенено семе - неговата лековитост одамна позната

    Ленено семе – неговата лековитост одамна позната

    petel baner

    Лен, латински Linnum usitatissimum е стара култура која денес се одгледува низ целиот свет. Тоа е едногодишно или двегодишно тревно растенија со краток вретенест корен. Во продолжение, зошто ленено семе е извор на здравје.

    ленено семе
    Лен

    Растението има исправено мазно стебло, високо од 50 до 70 см и со наизменично густо распоредени тесни и ланцетни лисја. Цветовите се сини, понекогаш бели со прашници и модри толчници. Плодот е долг од 6 до 8 мм, кружен со 8-10 семиња. Семето е мазно, зарамнето, долгнавесто, со сјајна и светло-кафеава боја. Семето е без мирис и има мукозен вкус.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Хранлив и квалитетен додаток на храна

    За лекот се зема добро исушено ленено семе, кое зрее во септември. Се користат цели или мелени семиња. Мелените семиња се расипуваат многу брзо, затоа е добро да ги мелете пред употреба. Семето се меле и се добива ленено масло. Во горниот слој на лушпата содржи слуз (3-6%). Семето од лен содржи лигнини, и многу студии докажале дека лигнините можат да имаат влијание во контролата на ендометриозата и најверојатно ракот на дојката.

    Ладно цедено масло се користи како хранлив и квалитетен додаток на оброците. Маслото од ленено семе е најконцентрираниот природен извор на есенцијална омега-3 масна киселина, алфа-линоленска киселина (ALK), која честопати недостасува во храна. Додатоците во исхраната со ленено масло или алфа-линоленска киселина имаат позитивно влијание врз нивото на холестерол и можат да придонесат за третман на други кардиоваскуларни заболувања.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чај од ленено семе

    Истурете 2-3 лажици семе во чаша врела вода и оставете го 10-15 минути. Пијте го препаратот наутро и навечер.

    Облоги

    Натопете мелени или истолчени семиња во вода за да направите паста. Размачкајте ја пастата на парче газа или тенка крпа и свиткајте ги рабовите. Нанесете малку масло на кожата за да не се залепи облогата. По нанесувањето на облогата, покријте го со нешто водоотпорно (кеса) и ставете шише со топла вода одозгора за да ја задржите топлината.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img