Што да се превземе за да се спречи замрзнување?
Ниските температури може да предизвикаат одредени штети кај некои земјоделски посеви.
Затоа земјоделските стручњаци советуваат, раноградинарите да извршат редовна хемиска заштита на своето производство. Во овој период кога температурите варираат, може да дојде до оштетување на раноградинарското производство.
Во овој период од годината температурите се околу нулата, но секој ден може температурите да паднат и да отидат и во минус неретко во овие период знаело да биде и до минус 10 степени. Исто така и разликите помеѓу дневните температури се значителни и одат од дневните во плус до ноќните минус. Ваквите екстремни разлики негативно влијаат врз целиот расад
-„Редовната хемиска заштита се врши со повеќе препарати-група препарати кои сузбиваат болести што предизвикуваат гниење на растението, а кај некои култури каде што има појава на инсекти, се користат инсектициди кои уништуваат лиснати вошки
Агрономите советуваат земјоделците да користат проверни препарати и ѓубрива, со цел да не претпат големи штети.
Препорачано е и раноградинарите да користат и био стимулатори, со цел, растенијата полесно да ги надминат овие температурни шокови. Исто се советув и земјоделците да не користат непроверени препарати кои имаат хормонално дејство, бидејќи младото растение на овие температурни разлики може целосно да се уништи“.
На градинарите им се препорачува да преземат мерки и за дополнително загревање на пластениците и оранжериите, барем овие денови кога се очекува температурата во утринските часови да се спушти и до 15 степени под нулата.
Дополнителни совети можете да најдете на страната на zemjodelie.mk
За повеќе корисни стории посетете ги Земјоделските групи на Facebook и Viber.
Таму ќе најдете интересни совети и мислења од голем број на Земјоделци.