Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаситеЛеблебија - хранлива и вкусна храна

    Леблебија – хранлива и вкусна храна

    petel baner

    Леблебијата (Cicer arietinum L.) припаѓа на семејството на леќа, Fabaceae. Потекнува од Азија, го одгледувале Грци, Римјани, Индијанци, Египќани и Етиопијци. Денес најголеми производители на наут се Индија, Пакистан, Турција, Етиопија и Мексико. Наоѓа широка примена во домаќинствата затоа што е изнворедно хранлива и вкусна.

    agrounik

    Леблебијата е многу важен дел од вегетаријанската диета бидејќи содржи високо квалитетен протеин. Најчесто се користат зрели семиња, а младите семиња можат да се јадат сурови. Брашното од наут се додава во производството на леб, за да се подобри квалитетот и исхраната. Најзастапени минерали се: калиум и фосфор,додека од витамини: Б1 , Б2 и Б3.

    Otkup na kompiri
    хранлива и вкусна

    Хранлива и вкусна за дијабетичарите

    Покрај тоа што е хранлива и вкусна,исто така има значајна здравствена вредност, бидејќи ја подобрува работата на слезината и има диуретично дејство. Плодот е мал, мешунчето има овална или издолжена ромбоидна форма, долга од 1 до 4 см, со 1 до 4 семиња на ембрионот, но ретко сите се оплодуваат.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сеидбата може да трае цел март и дел од април. Леблебијата не е само вкусна, туку и здрава храна, особено погодна за дијабетичари. Тоа е пожелна храна за сите жени, особено за оние пред менопаузата поради содржината на фитоестроген изофлавон. Изофлавоните ги балансираат хормоните во телото и ја намалуваат „доминацијата на естрогенот“ за време на репродуктивниот период на жената, додека кај жените во менопауза тие делуваат како лесни хормони и ги ублажуваат симптомите на менопаузата.

    Најпознати јадења од наут се хумус (намачкана леблебија) и фалафел (пржени топчиња од наут). Леблебијата исто така може да се подготви со зеленчук или сос од кари, или да се служи како салата. Брашното од леблебија се користи за подготовка на многу деликатеси, како што се пакора (зеленчук на индиски начин) и слатки од брашно од леблебија.

    хранлива и вкусна

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img