Корупција и мито ја има или ја нема?
Корупција претставува злоупотреба на службената положба за остварување незаконска приватна добивка. Формите на корупција се разликуваат, но вклучуваат: поткупување, изнуда, протекции, непотизам , покровителство, мито и проневера на пари.
Мито е плаќање кое е дадено лично на официјалниот претставник на владата во замена за неговата употреба на службени овластувања.
Корупцијата е едно од најлошите работи што може да го зафати едно општество.
Дали Земјоделците се соочуваат со корупција и се принудени да даваат мито за некои работи што законски им следат.
БИДЕЈЌИ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ Е ВАЖНО ПОВЕЛЕТЕ НЕКА СЕ СЛУШНЕ ВАШИОТ ГЛАС
Дали за добивање некои субвенции, државно земјиште, ипард програми, оштета од невремиња и слично од Земјоделците било побарано мито.
Во неврзан муабет помеѓу себе Земјоделците постојано нагласуваат дека се е корумпирано дека овој дал на оној и го добил тоа и тоа, дека тој и тој бара пари за да потпише тоа и тоа НО НИКОГАШ не се пријавува на надлежните органи.
Дали е тоа поради стравот дека и органите што треба да ја спречат корупцијата и тие се корумпирани и нема да направат ништо туку напротив ќе му наштетат на тој што пријавил е тема за друг пост.
Нашата порака до Земјоделците е да се одважат и охрабрат и да пријавуваат секој вид на корупција бидејќи така ќе направиме подобро општество.
БИДЕЈЌИ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ Е ВАЖНО ПОВЕЛЕТЕ НЕКА СЕ СЛУШНЕ ВАШИОТ ГЛАС
А средствата ќе завршуваат кај правите Земјоделци а не кај тие што подмитуваат.
Поздрав Земјоделци
БИДЕЈЌИ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ Е ВАЖНО ПОВЕЛЕТЕ НЕКА СЕ СЛУШНЕ ВАШИОТ ГЛАС