Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

18.8 C
Skopje
Sunday, March 3, 2024

More
    домаАгро ВестиМакедонија на продажба !

    Македонија на продажба !

    Agrobot

    200-300 милиони евра е цената за државното земјиште кое изнесува скоро 20 отсто од вкупната територија на Македонија.

    Македонија на распродажба
    Македонија на распродажба

    “Земјоделското земјиште во сопственост на државата ќе може да го купат физички и правни домашни лица. Може тоа да го стори и правно лице со странски капитал. Сепак за нас важно е земјиштето да остане земјоделско и да се започне земјоделска дејност. Да се модернизира производството, а новите парцели да отворат нови работни места и да даваат производи конкурентни на пазарот” велат од Владата.

    Катарски компании знаат за можноста за купување и покажуваат интерес.

    Најголеми парцели имаме низ Пелагонија и низ Овче Поле, но има и во други региони. Сето тоа може да биде мотивација за инвестиции.

    Владата ќе продаде државно земјоделско земјиште во износ од 200 до 300 милиони евра или до 20 отсто од вкупните површини, но само доколку новите сопственици инвестираат во земјоделски гранки, без можност за пренамена на земјиштето.

    Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе почне во втората половина на 2021 година. Претходно ќе треба да се донесат неопходните законски измени. Најмалата површина која ќе може да се купи ќе биде 10 хектари.

    -Земјоделското земјиште нема да смее да се пренаменува во градежно земјиште, туку ќе мора да се користи за земјоделско производство. Доколку некој го купи и не го стави во функција тогаш ќе плаќа три пати поголем данок на имот.

    Продажбата на земјоделско земјиште, само ја потврдува изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими кој пред само неколку недели изјави дека ” Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување “.

    Што мислите ќе се “офајди” ли некој од овој план за продажба земјоделското земјиште во Македонија?

    Зашто ова Земјоделско земјиште не биде поделено на жителите на селата, кои што ќе се здружат во Земјоделски задруги и им бидат одобрени поволни кредити кои што ќе ги гарантира државата?

    petel baner

    Дали малите Земјоделци ја губат битката со големите инвеститори?

    Мислите ли дека за продажба на 20% од територијата на Македонија треба да има подетална јавна расправа со вклучување на експертската фела, стопанствениците инвеститорите но секако треба да бидат поканети и ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ?

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Икрен ли е предлогот на владата или навистина е Македонија на продажба?

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img