Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Tuesday, December 6, 2022

More
    домаАгро ВестиОсоговски планини - заштитена зона

    Осоговски планини – заштитена зона

    осоговски планини - заштитена зона
    Осоговски планини

    Убава вест за жителите од Осоговието.

    На Пониква денеска министерот за животна средина Нуредини Насер го објави овој предел Осоговски планини за заштитена зона и изјави:  

    Го заштитуваме богатиот биодиверитет и пределската разновидност, но отвораме и нови можности за одржлив развој на локалната економија. Осогово е посебно од повеќе аспекти, вековната интеракција меѓу човекот и природата резултира со појава на уникатни предели, а мотото на кампањата ‘Осогово – и лично и различно’, што го следеше процесот на прогласување за заштитено подрачје, тоа најдобро го покажува. Денеска можеме да видиме што значат инвестициите во еко-системите и како од тоа корист имаме сите“,

    Јавноста со нетрпение очекува кога оваа судбина на заштитени подрачја ќе ја дочекаат и Водно, Матка, Студенчишко Блато како и можеби најубавата и највоспеана планина во Македонија а тоа е ШАР ПЛАНИНА.

    Овие чекори кон зачувување на животната средина единствено штета ќе нанесат на криминалците и дрвокрадците. Локалното население што  живее во руралните средини и тоа како ќе има бенефин од овие мерки бидејќи ќе се овозможи забрзан пристап до голем број на фондови што нудат еколошки развој како и нови моменти за туристичко промовирање на овие предели.

    А да не заборавиме дека најблагодарна ќе ни биде природата и животните што живеат во овие прекрасни предели на Македонија.

    Како и да е одличен потег. Осоговските планини стануваат заштитена зона.

    И не заборавајте ШАР ПЛАНИНА НЕ ТРЕБА МНОГУ ДА ЧЕКА НА БИРОКРАТСКИ ОДЛУКИ.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img