Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиЗемјоделската механизација и нејзината ефикасност

    Земјоделската механизација и нејзината ефикасност

    petel baner

    Земјоделската механизација се применува во многу операции во земјоделското растително производство и претставува голем потрошувач на енергија како од аспект на потрошувачка на горивото за нејзино функционирање, така и индиректно како енергија која се троши при транспорт на опремата и нејзино одржување.

    земјоделската
    земјоделската механизација бара одржување

    Користењето на застарена погонска, помошна и приклучна механизација значи зголемени трошоци за гориво заради поголемата потрошувачката на гориво и поголеми трошоците за одржување заради појавата на чести дефекти, што ја намалува продуктивноста и економичноста на земјоделските стопанства.

    Otkup na kompiri

    Земјоделската механизацијата најчесто не е тесно специјализарана по подсектори и добар дел од погонската, помошната и приклучната механизација може да се користи во сите подсектори: поледелство, градинарство, овоштарство и лозарство.

    Механизацијата од овоштарството се користи и во лозарството, лозарски четворобраздни плугови се употребуваат во поледелството како дополнително предсеидбено орање, а прскалка со уред за ниско прскање со исправување на нејзините крила се употребува за апликација во лозарството. За соодветен избор на механизација во предвид треба да се има производната дејност на земјоделските стопанства и големината на земјоделското стопанство.

    За правилно користење на механизацијата потребно е да се следат препораките од стручни лица, а пожелно да се оствари и обука на корисниците

    Пример за пресметка на енергетска ефикасност од користење на нова механизација односно исплатливост на замена на стариот со нов трактор

    Тракторот што го поседува една фарма троши 20 литри/час. За да се одреди исплатливоста на замена на тракторот со нов кој троши 10 литри/час потребно е да се направат калкулации на цената на чинење на тракторот. Цената на новиот трактор кој би го заменил стариот трактор е 1.075.800 денари. Искористеноста на тракторот е поминати 350 часа годишно. Од наведените информации, потрошувачката на стариот трактор е 20 л х 350 часа = 7.000 литри/годишно, додека новиот трактор ќе троши 10 л х 350 часа = 3.500 литри/годишно. Разликата во потрошувачка изнесува 7.000 – 3.500 = 3.500 литри. Ако цената на горивото во просек изнесува 75 денари, тогаш вишокот на потрошено гориво од стариот трактор е 262.500 денари. Оваа инвестиција целосно ќе се исплати по четири години.. Исто така, во предвид треба да се земе и трошокот на годишно ниво за одржување на тракторите, кој секако е поголем кај стариот трактор

    – Употреба на дизел гориво која овозможува намалување на потрошувачката на горивото за 10% за извршување на работа од ист обем, пониска цена за горивото и помалку одржување за дизел моторите. Сепак почетната инвестиција во овој тип на опрема е поскапа.

    agrounik

    – Одржување на механизацијата, односно редовно и правилно одржување на моторите, чистење на филтрите за воздух, подмачкување, подесување на притисокот на гумите на тракторите соодветно на потребите и условите, придонесува кон подобрување на ефикасноста на користење на механизацијата.

    – Правилно користење на механизацијата. Правилната и внимателната употреба на тракторите ќе овозможи ефикасна употреба на горивото. Ова меѓудругото подразбира и гасење на механизацијата кога истата е во мирување, како и избор на гуми со соодветни шарки зависно од почвата која се обработува. Тракторите се поефикасни кога се користат блиску до нивниот капацитет.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

     – Оптимизирање на користењето на механизацијата на нива и комбинирање на операциите, односно намалување на фрекфенцијата на одење на нивата со правилно планирање на операциите и начинот на нивно реализирање со што би се намалил бројот на одење на нива. При самата обработка да се внимава да нема преклопувања и вишок вртења, односно да се намали бројот на орања.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img