Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиНаједноставното решение во наводнувањето

    Наједноставното решение во наводнувањето

    petel baner

    Употребата на генетички алгоритми во интеграцијата на прскалките за наводнување е индикатор дека компјутерските технологии можат да се применат во областа на земјоделството и управувањето со водите.

    Наједноставното решение

    Меѓу трите најдобри трудови на годинашната ‘Меѓународна конференција” наменети за студенти по земјоделство и ветеринарна медицина беше делото на тројца дипломци од Катедрата за управување со вода, употреба и заштита, на земјоделскиот факултет во Нови Сад, во соседна Србија.

    Otkup na kompiri

    Да се наводнува колку што е можно поголема површина, со што помалку пари

    Работата се заснова на употреба на генетички алгоритми при интеграција на прскалките за наводнување. Целта е да се најде наједноставното решение. Да се обезбеди наводнување на што е можно поголема површина и да се инвестира најмала можна сума на пари.

    Тоа е примена на вештачка интелигенција преку апликацијата со вметнување на одредени параметри. Тие се следат и тестираат, а на крајот самата апликација ја пресметува, анализира и нуди најдобрата опција.

    “Поставивме параметри на четири прскалки со различни карактеристики. Зедовме GaNetXL кој е наменет за некомерцијални цели и најмногу го користат студенти во вакви ситуации. Ние се ограничивме на површина од два хектари и се засновавме на наводнување во парк”. Додаваат дека апликацијата им покажала кој распрскувач треба да се инсталира и во тој процес. Дошле до заклучок дека можат да обезбедат наводнување на површина од две хектари трева за релативно мала сума пари.

    Целта е да се најде наједноставното решение

    Покрај тоа, GaNetXL овозможува следење на другите параметри, како што се потрошувачката на енергија, протокот на вода и така натаму. Нивната идеја е ова да може да се примени во пракса.

    “Ова е добар начин и индикатор дека компјутерските технологии можат да се применат во областа на земјоделството и управувањето со водите. Веруваме дека големите компании полесно ќе прифатат нови методи. Се надеваме дека во иднина и традиционалните земјоделци ќе прифатат новини”.

    Нивната цел е полесно да најдат поедноставни решенија со помош на компјутерски систем.

    „Нашата идеја се заснова на овозможување на земјоделство и управување со водите преку спроведување на генетички алгоритми да ги забрзаат и поедностават процесите на производство, во овој случај на наводнување.

    agrounik
    наједноставното решение

    Можност за спроведување на проектот во сите гранки во земјоделството

    Ова е поттик за понатамошен напредок и подобрување, а планот е да се реализира сегашната идеја како проект во иднина.

    Тоа претставува основа за понатамошен развој на пилот-проектот. Ние би го сториле тоа преку комерцијална апликација преку која би испитале други параметри. Мислам дека вакво нешто и слични идеи значително би го олесниле земјоделското производство, но дека производителите треба да бидат едуцирани пред соодветна примена. Многумина сè уште се придржуваат кон традиционалниот пристап.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нивниот проект може да се спроведе во сите гранки во земјоделството. На тој начин би било полесно и побрзо да се пресмета колку прскалки се потребни за наводнување на кој било растителен вид.

    „Сè уште не ја утврдивме целната група и на кого би ја претставиле, но мислам дека тоа би биле некои поразвиени компании во нашата земја и на странскиот пазар кои веќе знаат како работи. Подоцна ќе се свртиме кон помалите производители. Имаме идеја да формираме невладини организации засновани на екологија, човечко влијание врз земјоделството и примена на современи технологии во областа на земјоделството “.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро училница, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img