Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиЗемјоделците го трчаат својот последен круг?

    Земјоделците го трчаат својот последен круг?

    petel baner

    Неретко знаеме да ја користиме реченицата “не знаеш колку нешто ти значи, додека не го изгубиш”. Кон одредени работи не само што не знаеме да се однесуваме со почит, туку и наполно ги забораваме. Една од првите асоцијации за “заборавени од народот и државата” се секако земјоделеците.

    Тешки години доаѓаат за македонските земјоделци. Површините засадени со земјоделски култури се повеќе се намалуваат. Експертите сметаат дека е можно за неколку години оваа гранка да доживее тотален колапс во Македонија доколку не се превземат сериозни агро реформи и нова демографска политика која ќе ги задржи младите во селата.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Земјоделците велат дека се во грч, не знаат како ќе преживеат, особено оние кои веќе се задолжени со кредити. Драстично се намалени површините дури и во најземјоделските краеви како струмичкиот. Тоа е резултат на ниски откупни цени, скапи репроматеријали, даноци. Ретки се младите земјоделци. Повеќето се над 50 години, а млад земјоделец скоро и да не може да се види. Оние малку млади земјоделци што останаа, спасот го гледаат во напуштање на државата.

    Се чини полека но сигурно замира се поврзано со традиција во Македонија. Младите не ни помислуваат да засукаат ракави и да наследат било што поврзано со традиција. Полесно е да се излажеш дека купеното во продавница е доволно добро, отколку она што сам ќе си го направиш. Исто е и со земјиштето, младите не сакаат ни да чујат за продолжување на бизнисот, туку полесната варијанта е продажба на имотот и преселба во град.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Има ли излез од оваа ситуација?

    Се помалку се одгледуваат стандардни култури како доматот и краставицата кои оваа година се помалку засадени. “Кај мене нема промена на површините, јас садам 2 декари домати и пиперки. Но, луѓето си бараат работа во други сектори, не сакаат да се занимаваат со земјоделство“ – вели Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на земјоделци.

    Ќе се сменат ли работите на подобро некогаш за земјодлците во Македонија? Или ќе продолжат институциите да се потсетуваат на нив само за време на избори. Со затворање на границите заради пандемијата, сите очи повторно беа вперени во руралните средини. Ќе разбереме ли конечно колку се неопходни , да ги поддржиме, или ќе продолжиме да мечтаеме дека се нешто паѓа од небо? Во спротивно, младите ќе си заминат, а возрасните ќе останат сами да го дотрчаат последниот круг. Што потоа…?

    земјоделците

    За најнови информации од областа на земјоделието посетете ја рубриката Агро вести, како и социјалните мрежи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img