Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

22.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро ВестиСлива и нејзините најзастапени видови во Македонија

    Слива и нејзините најзастапени видови во Македонија

    petel baner

    Слива во Македонија ја има на сите страни. Се одгледува одамна и се користи за многу работи. Сите производи од нејзе се вкусни и корисни: џем, сушена слива, ракија ….

    слива

    Чачанска убавица

    Созрева кон крајот на јули и почетокот на
    август. Средно бујна со широко пирамидална
    крошна. Отпорна е на предизвикувачите на `рѓа и
    пламеница. Релативно добро ја поднесува сушата.
    Цвета средно рано. Делумно е самооплодна. Рано
    раѓа и редовно дава добар принос.
    Плодот е средно крупен (30-40 g) јајцевиден,
    темносин. Месото е зеленожолто, цврсто и сочно.
    Добро се одвојува семката од месото. Добро
    поднесува транспорт.
    Чачанската убавица е една од најдобрите десертни
    сорти во овој период на созревање и постигнува
    добра цена на пазарот.

    Стенлеј

    Созрева во втората половина на август, неколку
    дена пред пожегачата. Средно бујна со широко
    пирамидална крошна. Многу добри резултати
    постигнува на растресити, плодни,благо кисели
    и умерено кисели почви. Не е осетлива на
    предизвикувачите на пламеницата и `рѓата.
    Добро го поднесува вирусот шарка. Осетлива е на
    подоцнежни мразеви. Делумно е самооплодувачка.
    Постигнува добри резултати кога се донесуваат
    пчелни семејства во периодот на цветање. Рано
    почнува да раѓа. Плодот е средно крупен, овално
    издолжен, темносин. Месото е зелено жолто,
    цврсто, сочно, лесно се одвојува од коската.
    Презреаните плодови паѓаат од стеблото. Плодот се
    користи во свежа состојба и за преработки.

    Agrobot

    Чачанска родна

    Созрева кон крајот на август, после стенлејот,
    пред пожегачата. Средно бујна со широко
    пирамидална крошна. Цвета средно рано. Изразито
    самооплодувачка сорта. Рано раѓа и редовно дава
    добар принос. Плодoт е средно голем, јајцевиден,
    темносин, сличен на пожегачата. Месото на полодот
    е жолто, цврсто, сочно, благокисело и квалитетно.
    Семката е ситна и лесно се одделува од месото.
    Се користи за јадење во свежа состојба и за разни
    видови преработки, особено за сушење и варење
    ракија. Добро поднесува транспорт.

    Пожегача

    Созрева кон крајот на август и почетокот на
    септември. Средно бујна со крошна широкопирамидална и густа. Доколку е калемена на џанка
    истата е доста бујна. Цвета доцна и експлозивно.
    Самооплодувачка, средно рано раѓа и дава добар
    род. Доста е позната поради квалитетот на плодот,
    кој добро се суши и има хармоничен однос на
    шеќери и киселини, со изразена арома. Плодот
    е ситен, 17 g неправилно јајцевиден, син, со
    жолтозелено месо. Добро поднесува траспорт.
    Пожегачата е осетлива на предизвикувачите на
    пламеницата, `рѓата и шарката. Поради ова, многу
    е важно да пред садењето да се изберат реони каде
    што нема зараза од овие болести, и изборот на
    здрав посадочен материјал.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    слива

    Goran Majstoroski со плодовите од својот труд. Тој е еден од поголемите производители на слива во општина Дебрца.Поздрав до сите Земјоделци од Трбеништа.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img