Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро ВестиБолести и штетници на сливата и органска заштита од истите

    Болести и штетници на сливата и органска заштита од истите

    petel baner

    болести
    Органска заштита против болести кај сливата

    Шарка – опасна вирусна болест

    Вирусот се наоѓа по сите делови и органи на растението. Се пренесува со посадочниот материјал, калемите и калем-папките, лисните вошки и цикадите. Има сознанија дека го пренесуваат и пчелите при опрашувањето. По листовите болеста предизвикува светлозелени пеги кои најдобро се забележуваат во текот на мај и јуни. Подоцна во текот на летото истите се маскираат и не се забележуват. На плодовите се појавуваат темни и светли дамки, вдлабнатини и силни деформации. Месото од плодот е смолесто-кафеаво и без вкус. Кај чувствителните сорти се појавува порано цветање и опаѓање на полдовите.

    Заштита

    Не може да се води борба против оваа болест. Потребно е садење на здрав посадошен материјал и отпорни сорти. Се води борба со преносителите на болеста-лисните вошки и цикадите. При резидбата инструментите се измиваат во чист шпиритус и после секоја резидба и преминување на друга садница

    Пепелница (Polistigma rubrum)

     Пепелницата е една од најштните болести кај сливата, која презимува во заразените и отпаднати листови . Рано напролет, во текот на цветањето на сливите, и две до три недели по прецветувањето, се врши заразување на лисната вегетација. На листовите се формираат портокалови пеги, кои на лицето се испакнати, а на позадината од листот влабнати. Доколку има појава на врнежи, нападот на оваа болест може да биде доста силен. Заразените листови се свиткуваат, сушат и опаѓаат. Плодовите стануваат кисели и ситни. Пожегачата е сорта која е најосетлива на оваа болест.

    Заштита

    Покрај примената на задолжителните превентивни мерки, избор на отпорни сорти на оваа болест, се врши механичко собирање и уништување на отпаднатите листови нивно затрупување или горење. За време на цветањето се употребуваат растителни чаеви и екстракти против пламеница . 8-10 дена од цветувањето се прскаат со 1% раствор на бордовска чорба.

    Рѓа на сливата (Puccinia pruni spinozae)

    Габично заболување кое презимува во заразени листови на сливата. Првите зарази се остваруваат во средината на јуни. На лицето од листовите се појавуваат ситни елиптични пеги со жолтолимонова боја, а на опачината во рамката на пегата се формираат многубројни спори со боја `рѓа кои се разнесуваат со помош на ветерот. Заболените листови рано паѓаат а квалитетот на плодовите е слаб, со црвенкаста боја. Пожегачата е многу осетлива сорта на оваа болест

    Заштита

    Примена на задолжителните превентивни мерки, искоренување на жолтата саса околу насдадот како домаќин на болеста, спалување на оболените листови. При појава на првите 30 пеги по листовите кон крајот на јуни се прскаат со 1% раствор од бордовска чорба.

    Сушење на гранчињата и цветовите (Monilinia laha)

    Габата презимува во заразените осушени плодови (мумијами) и заразените ластари. Болеста најбрзо се шири во текот на цветањето и прецветувањето на сливата особено ако времето е врнежливо. Габата ги напаѓа оштетените плодови и лесно се шири при допир со здравите плодови. Заболените плодови гнијат, се сушат и остануваат како мумии на гранките. Сортите стенлеј и ваљевка се осетливи на оваа болест, додека пожегачата, чачанска убавица и чачанска родна се умерено осетливи до отпорни.

    Заштита

    Примена на задолжителните превентивни мерки, собирање и уништување на заразените плодови и гранки од садниците. Се кројат и спалуваат заразените леторасти. Да не се дозволи формирање на густи корони. Прскање со 1% раствор од бордовска чорба пред цветањето и 8-10 дена подоцна. Кај доцното кафеаво гниење се практикуваат и подоцнежни прскања со овој раствор. За време на цветањето се користат и одредени растителни чаеви кои ќе бидат објаснети подолу.

    Сливова оса (Hoplocampa flava и H. minuta)

    Можат да го уништат 90% од родот на сливата. Особено се осетливи раните сорти. Возрасните сливови оси се хранат со цветниот нектар неколку дена. По парењето женката ги полага јајцата во чашкините листови од цветот. Ларвата се пили од јајцето по 7-14 дена, дупчејќи го го младиот плод и јадејќи ја семката. Во својот едномесечен развој една ларва уништува 4-6 плодови, се преобразува во гасеница и се вовлекува во земјата и презимува во облик на чаура.

    Заштита

    Редовна обработка на почвата со преорување и прокопување, искоренување на диворастечките трновидни сливи. Употрба на лепливи бели ленти. Се користат и инсектициди подготвени од екстракти на одредени растенија. Pyrethrum – екстракт од суви цветови на еден вид хризантема од реоните на Еквадор и Кенија. Rotenon – од корените на Deris од Источна Азија – силен инсектицид. Препарати врз база на Bacilus turgensis.

    Сливов црв (Cydia funebrana)

    Возрасното имаго е со средна големина на сивопепелава пеперутка. Презимува во пукнатините на кората од стеблата или почвата, каде што прават чаури во кои презимуват. Првата генерација пеперутки се јавува од крајот на април до крајот на јуни, а втората генерација од крајот на јуни до крајот на јули. По парењето женките од првата генерација ги полагаат јајцата на листовите, младите плодови и младите гранки. По испилувањето ларвите ги дупчат плодовите. Гасениците се хранат со месото од плодот и за 3-4 недели завршуваат со развојот и тоа обично во отпаднатите плодови. Гасениците од втората генерација се поштетни и можат да уништат 25 % од полузрелите плодови.

    Заштита

    Отстранување на старата и испукана кора од стеблата. Секоја есен се врши варосување на стеблата. Се поставуват ловни појаси во текот на јуни. По 8-10 дена појасите се отстрануваат и фатените гасеници се уништуваат. Можат да се користат феромонови ловки. Можат да се користат и екстракти од домат и тоа 4 kg свежа маса се залева со 10 литри вода и се вари 30 мин. на слаб оган. Пред прскање се разредува со вода во сооднос од 1/3 и се добива 40 g сапун. Растението чемерика, исто така, се користи за сузбивање на сливовиот црв, со тоа што 1 kg свежи или 0,2 kg суви растенија се накиснуваат во 10 литри вода за време од 24-48 часа.

    Сливова штитеста вошка (Brachycaudus helichrysi)

    Има една генерација годишно. Кон крајот на мај оплодената женка ги полага јајцата под своето тело, и кон крајот на јуни од нив се испилуваат ситни бледожолти ларви, кои се хранат од соковите на листоците сè до есента. Презимуваат во поразвиените гранки на стеблото. Наредната година, во почетокот на март, истите се движат кон помладите гранки ги дупчат и цицаат од соковите.

    Заштита  

    Раствор од коприва – 1 kg коприва се залева со 10 литри вода и истиот треба да стои 24 часа и потоа се прскаат растенијата. – инсектициди дозволени за органско производство

    Лисна вошка (Hualopterus pruni)

    Лисните вошки презимуваат во облик на јајца на врвовите од гранките. Во март, од јајцата се испилуваат женките. Тие до крајот на април брзо се размножуваат, cмукаат од соковите и формираат колонии на листовите и младите гранки од стеблата. Имаат повеќе генерации во текот на годината. Смукајќи ги соковите, лачат медена роса на која се развиваат одредени габични заболувања. Вошките се најголемите преносители на вирусните заболувања кај овошките.

    Agrobot

    Заштита

    Раствор од коприва – 1 kg коприва се залева со 10 литри вода и истиот треба да стои 24 часа и потоа се прскаaт растенијата. – инсектициди дозволени за органско производство.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Болестите и штетниците доколку не се под контрола можат сериозно да го загрозат секој овоштарник.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img