Дијалекти на македонскиот јазик има околу 27 поделени во три главни групи.
Овие дијалекти поделени се во два поголеми блока. Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сѐ до Егејското Море (Бело Море).
Главна особина за западните е побавниот тоналитет на дијалектите, употребата на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборовите и променлива позиција на акцентот.
Дијалектите се зборуваат на сета територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и југозападно Косово. Македонскиот јазик има над 3 милиони говорници.
Аудио материјали од различни говорни подрачја
Северно наречје
- Западна група:
- Тетовски (Долнополошки) дијалект
- Вратнички дијалект
- Скопскоцрногорски дијалект
- Источна група:
- Кумановски дијалект
- Кратовски дијалект
- Кривопаланечки дијалект
- Овчеполски дијалект
Западно наречје:
- Централна група:
- Прилепско-битолски дијалект
- Кичевско-поречки дијалект
- Скопско-велешки дијалект
- Западна и северозападна група:
- Гостиварски (Горнополошки) дијалект
- Горански дијалект
- Рекански дијалект
- Галички дијалект
- Дебарски дијалект
- Дримколско-голобрдски дијалект
- Вевчанско-радошки дијалект
- Струшки дијалект
- Охридски дијалект
- Горнопреспански дијалект
- Долнопреспански дијалект
Источно и јужно наречје
- Источна група:
- Тиквешко-мариовски дијалект
- Штипско-кочански дијалект
- Струмички дијалект
- Малешевско-пирински дијалект
- Југозападна група
- Нестрамско-костенарски дијалект
- Горички (Корчански) дијалект
- Костурски дијалект
- Југоисточна група:
- Солунско-воденски дијалект
- Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.