Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЗапуштени овошки и нивно кроење

    Запуштени овошки и нивно кроење

    petel baner

    Крошните на овошките кои редовно се кројат имаат карактеристичен изглед – изобилуваат со кратки разгранети фиданки на страничните делови до каде што допира доволно светлина а долниот дел и внатрешноста се голи.

    запуштени овошки
    запуштени овошки и нивно кроење

    Тоа се случува со овошките во дворовите на куќите затоа што се одгледуваат воглавно без некој одреден облик. Воглавно се оставаат слободно да растат со повремено отстранување на дебелите гранки. Овие запуштени овошки неможно е да се претворат во некој друг облик затоа што се запуштени и веќе сами си направиле своја форма.

    Otkup na kompiri

    Во првата година на кроењето во време на мирување се отстрануваат само поединечни дебели гранки кои сметаат во продирање на светлоста во внатрешноста на крошната, а останатите гранки се врши умерено проредување на родните фиданки.

    Зависно од големината на крошната, условите на одгледување и состојбата во која што се наоѓа, не би требало да се исфрлат повеќе од една третина од дебелите гранки, и тоа оние кои што најмногу сметаат на продирање на светлината.

    Мора внимателно да се отстранат како не би ја оштетиле крошната. Ако во внтрешноста на крошната има гранки (водопии) кои би можеле да се употребат за ново разгранување обавезно да се зачуваат.

    На останатите гранки се отстрануваат само искршените фиданки и оние кои се нападнати од болести и штеточини.

    Основна цел на кроењето на запштени овошки е да се поправи осветленоста на крошната, посебно нејзината внатрешност каде што заради засенетост нема вегетативен раст, а заради тоа ни плодност. Потребни се неколку години за овошката да достигне рамнотежа помеѓу растот и плодноста.

    Кога ќе почне вегетацијата, заради продорот на светлината во внатрешноста на крошната и заради отстранување на дебелите гранки во крошната ќе почнат да се развиваат млади фиданки.

    Кога ќе пораснат на 15 до 20 сантиметри, се оставаат оние кои што ќе служат за нови разгранувања а останатите редовно се отстрануваат ако ги има премногу. Ако е потребно во втората година во текот намирувањето на вегетацијата може да се отстрани уште по некоја дебела гранка. Тоа поготово е потребно на овошки со големи крошни калемени на бујна подлога.

    Во втората година на кроењето се обликуваат секундарните гранки во долниот дел на основните гранки, а на останатиот дел на крошната се прави кроидба на родот.

    agrounik

    Во третата година на овошките калемени на слабо до средно бујни подлоги се обавува редовна кроидба на родот на обновената крошна. На овошките калемени на бујни подлоги обновата на крошната треба да се продолжи и во 4 година, до кога би заршило обновувањето на запуштената крошна.

    Отстранување на дебелите гранки на кое сме присилени во текот на кроењето често не го правиме правилно па заради тоа за жал настануваат големи рани кои тешко зараснуваат и овозможуваат влез на разни штеточини и болести. Отстранувањето на дебелите гранки со помош на овоштарна пила мора да се направи во 3 чекори.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Првиот рез се прави на долната страна на 20 до 30 сантиметри од основната гранка, па со пилата се пресекува гранката до 1 третина од нејзината дебелина. 15 сантиметри понатака од првиот рез се сече гранката од горната страна. Гранката така нема неконтролирано да се искрши од сопствената тежина, туку ќе пукне помеѓу двата пресека. Така нема да настане ни голема рана. За време на сечењето на многу дебелите гранки би било добро да има помошник кој ќе ги придржува гранките за да не падне неконтролирано. Кога гранката е исечена на опишаниот начин трупецот што останал по сечењето се отстранува. Прстенот на гранките треба да се зачува бидејќи на тој начин раната ќе зарасне побрзо. Раната се измазнува со нож за овошки и се обложува со восок или друг прелив за рани за да се заштити од влага и напад на болести и штетници.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img