Мразеви се најавени за периодов што доаѓа со температури под нулата.
Виновата лоза е билка на која ниските температури можат да и нанесат голема штета, посебно ако се јават екстремно ниски температури како што се мразеви под -20 степени.
Сите сорти на винова лоза имаат поголема или помала осетливост на зимските мразеви и врз основа на многубројни истражувања сите сорта можат да се поделат во 3 групи:
1 Група: ја сочинуваат сорти кои мрзнат на температури од -15 до -18 степени и тука спаѓаат: Блатина, Кратошија, Вранец, Смедеревка, Кардинал, Афусали, Цветен дренак и Мускат Италија.
2 група: ја сочинуваат сорти кои мрзнат од -20 до -24 степени и тука спаѓаат: Франковка, Пробус, Гамебојадисер, Крањски бојадисер, Бисер, Мускат Хамбург, Демир Капија, Белградска рана.
3 група: ја сочинуваат сорти кои мрзнат на температури под -24 степени и тука спаѓаат: Бургундец Црн, Каберне Сувињон, Мерло, Каберне фран, Бел Бургундец, Мускат Отонел, Ризлинг Италијански, Семијон, Сувињон Бел, Траминец и Шардоне.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.