Тестиси – бели бубрези убаво исчистени и зготвени се вистински специјалитет. Полни со протеини се работи за вистински специјалитет кој што речиси и да го нема во нашите ресторани.
Бели бубрези останаа да спремаат само малкуте гурмани и тоа по дома во посебни пригоди и за посебни гости.
Велат дека најмногу тестиси – бели бубрези јаделе ветеринарите 🙂 ова било нивно омилено мезе.
Некој велат дека покрај тоа што се вкусни преставуваат и афродизијак значи преку храната до подобар секс а и за тие што имаат проблеми со потенцијата.
Тестиси – бели бубрези може да бидат од разни животни овен, јарец, прч, вепар, но велат искусните дека она вистинското се тестиси од бик.
Иако на многу не им звучи примамливо навистина ова јадење преставува специјалитет сегде во светот.
Најдобро е тие да се свежи и претходно да отстојат во маринада барем 12 часа.
Еве еден рецепт кој не бара многу време и труд.
Доколку знаете вие некој ве молиме споделете во коментар на Fejzbuk страната и на Fejzbuk групата.
Состојки:
1 килограм тестиси – бели бубрези,
2 чешлиња бел лук,
сол и зејтин.
Припрема:
Тестисите – бели бубрези да се измијат убаво, да се преполоват и да се остават околку 12 саати во вода со оцет или бело вино.
После 12 часа исцедите ги и ставите ги во тавче со загреан зејтин и додадете малку вода да се издинстаат, повторувајте ја постапкава додека не омекнат.
На крај додадете сол и лукче.
Наздравје нека ви е.
Убаво е на Село.
Само Рурално.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.