домаАгро советиЗаразен бронхитис кај кокошки - како да препознаете?

Заразен бронхитис кај кокошки – како да препознаете?

Prokredit baner

Инфективен пилешки бронхитис се јавува кај кокошки од сите возрасти. Се јавува и кај пилиња на возраст од 2 дена до 6 недели.

Што предизвикува бронхитис кај кокошки?

Предизвикувачот е вирус, а извор на болеста се заразените пилиња, нивната слуз при кашлање и кивање, кокошки што несат и инфицирани јајца.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Болеста брзо се шири низ воздухот (капки) од една до друга фарма. Потоа преку контаминирана храна, вода и заразени јајца, а нејзиното појавување е фаворизирано од неповолните услови за во живеалиштето.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Како да го препознаете?

бронхитис кај кокошки

Може да се забележи собирање на кокошките околу извор на топлина, кашлање, отежнато дишење со отворен клун и со испружен врат. Потоа се забележува тромавост, клечење и умирање на пилиња помлади од 6 недели. Болеста кај младите кокошки е краткотрајна и пофатална отколку кај постарите, кај кои симптомите се поблаги. Болеста може да потрае од 3 до 4 недели. 

Petel.mk

Оваа болест не е за занемарување заради големиот број смртни случаи на кокошки на возраст до 6 недели (до 80%), намален раст и намалено производство на јајца.

Превентива

Превенција: вакцинирајте ја живината на време. Доколку дојде до разболување, чувајте ги кокошките и пилињате во карантин.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img