Лутата пиперка е растение кое е многу применето при готвењето, а може да биде и декоративно. Може да се сади во текот на февруари и да се чува во затворени простории. Кога ќе дојде пролетта и ќе се зголемат температурите, тоа ќе биде идеален украс, но и зачин за јадење. Дознајте што е потребно за нивно правилно одгледување во затворен простор.
Засадување и земјиште
По купувањето на семето, пожелно е да се чува неколку часа или преку ноќ во чај од камилица. Така мембраната ќе биде помека и спречува појава на бактериски и габични заболувања.
Универзална подлога за зеленчук се користи за садење . Семињата да не бидат покриени со премногу почва, бидејќи во тој случај нема да имаат доволно сила да ‘ртат . Потребно е до еден месец за да никне семето, а индикацијата дека тие ‘ртат се три или четири исправени листови.
За успешно ‘ртење на семето е потребна униформа температура од околу 25 степени. Како би ја обезбедиле оваа топлина, можете да ја одржувате билката близу до радијатор, или друг извор на топлина во вашиот дом, но не премногу блиску. За време на овој период, тие не бараат голема количина на светлина се до ‘ртењето. Подоцна треба да им обезбедите многу сончева светлина затоа што сакаат светлина и топлина.
Кога садите во тегли, важно е да бидете внимателни бидејќи стеблата се кревки. Растението не треба да се зема за лисјата, туку за стеблото. Во оваа фаза, билката не треба веднаш да биде изложена на сончева светлина на прозорците, туку почекајте да се формира малку повеќе. Исто така, тегли со пресадени садници не треба да се вадат на балконот додека не се зголеми надворешната температура. Оптималната температура во текот на денот е 15 степени, а ноќта 12 степени.
Наводнување на лути пиперчиња
По сеидбата потребно е веднаш да се напои почвата, а подоцна е доволно наводнување еднаш неделно Најдобар принцип за проверка на влагата на почвата е да ја допрете почвата со прстот и да процените дали е суво. Исто така, при сеидба, важно е контејнерите за сеидба да имаат отвори на дното .
Се препорачува да се напои со застојана вода или дождовница . Кога лутите пиперчиња се садат надвор или се чуваат на балкон, во текот на летниот период и топлите денови, потребно е да се напојат наутро или доцна навечер.
Потребно е да се биде претпазлив да почвата не е премногу влажна бидејќи вишокот вода предизвикува гниење и ја намалува лутината на пиперката.
Наѓубрување
Неопходно е да им се обезбеди доволно калциум, бидејќи поради неговиот недостаток, плодовите во развој почнуваат да жолтеат и да паѓаат.
Потребно е да се биде претпазлив кога станува збор за ѓубрење, бидејќи ако има премногу ѓубриво, растението расте во висина и се развива, но плодовите недостасуваат.
Доколку овие услови се исполнети, растението може да порасне до 28 сантиметри. Плодовите постепено почнуваат да се затемнуваат и добиваат различни нијанси на црвена боја. Пластични чаши со дупки на дното може да се користат за садење семе во мали количини, а саксија од стиропор може да се користи за поголеми количини .
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.