Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиДозвола за поседување оружје

    Дозвола за поседување оружје

    petel baner

    Дозвола за поседување оружје – одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение за набавување на оружје, ако физичкото лице ги исполнува следниве услови:

    1) има наполнето 18 години живот;
    2) не му е одземена или ограничена деловната способност;
    3) здравствено е способно да поседува и носи оружје;
    4) не претставува опасност за јавниот ред;
    5) има оправдана причина за набавување на оружје;
    6) располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје  и
    7) има живеалиште на територијата на Република Македонија со важечка лична карта, а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија, со важечка лична карта за странец, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

    Otkup na kompiri

    Исполнетоста на условот од точка 6  се проверува со полагање на стручен испит. Пред спроведување на стручниот испит  физичките лица баратели на одобрение за набавување на оружје практично се оспособуваат за ракување со оружјето. Практичното оспособување за ракување со оружје го врши овластено правно лице. За спроведеното практично оспособување за ракување со оружје, овластеното правно лице е должно да издаде посебна потврда.

    По практичното оспособување за ракување со оружје се полага стручен испит кој се спроведува во просториите на овластеното правно лице кое технички го спроведува стручниот испит.

    Стручниот испит се состои од два дела, и тоа:

    – теоретски (прв) дел со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и
    – практичен (втор) дел со кој се проверуваат практичните способности на кандидатите.

    Теоретскиот (првиот) дел од стручниот испит опфаќа:

    1) Законот за оружјето;
    2) Кривичниот законик;
    3) прва помош и
    4) теоретско познавање на безбедното ракување со оружје и муниција (расклопување, склопување, чистење и одржување на оружјето и муницијата).

    Практичниот (вториот) дел од стручниот испит опфаќа:

    1) практично познавање на безбедното ракување со оружје и муниција (расклопување, склопување, чистење и одржување на оружјето и муницијата) и
    2) изведување на гаѓање со оружје.

    Теоретскиот дел од стручниот испит се полага по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

    Се смета дека  физичкото лице има оправдана причина за набавување на оружје, ако докаже дека постојат оправдани причини за поседување на оружје, а особено ако неговата лична безбедност, безбедноста на неговото семејство или имот се сериозно загрозени, поради што е потребно поседување на оружје заради нивна заштита и сигурност или ако работите и задачите што ги врши на работното место се од таква природа што можат да предизвикаат опасност од загрозување на неговиот живот или имот.

    Покрај овие причини, се смета дека физичкото лице докажало дека има оправдана причина за поседување на оружје, ако:

    – е активен член на ловечко или стрелачко друштво односно има потврда дека е активен член на стрелачко друштво,
    – собира колекционерско оружје, односно е колекционер,
    – донесена е правосилна судска одлука за наследување на оружјето,
    – доделена е награда во вид на оружје, за постигнати резултати во официјални натпревари во лов или спортско стрелаштво или
    – доделено е оружје од страна на државни органи, меѓународни организации или државни органи на други држави.

    За оружјето кое е набавено врз основа на одобрение, на физичкото лице му се издава дозвола за оружје.

    Дозволата за оружје се издава со рок на важење од десет години, а на лица постари од 65 години живот со рок на важење од пет години. 

    Дозволата за оружје може да биде продолжена по писмено барање на имателот, поднесено до надлежниот орган најдоцна два месеца пред истекот на рокот на нејзиното важење.

    Оружје согласно Законот за оружјето се смета:

    1) огнено оружје;
    2) колекционерско оружје;
    3) оружје за самозаштита;
    4) пневматско оружје;
    5) гасно оружје;
    6) експлозивно оружје;
    7) оружје со тетива;
    8) ладно оружје;
    9) оружје за светлосно-звучна сигнализација и
    10) електрични парализатори.
    11) реплика на старинско оружје.

    Оружје и муниција може да се набавува само врз основа на одобрение издадено од Министерството за внатрешни работи согласно со категоризацијата на оружјето.  Одобрението се издава за секое поединечно набавување на оружје во рок од шест месеци од денот на поднесување на барањето.

    Одобрение за набавување на оружје може да се издаде на физички лица заради:

    agrounik

    – заштита на нивната личност и имот,

    – за лов и спортско стрелаштво.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Одобрение за набавување на делови на оружје и одобрение за набавување на муниција се издава на физички или правни лица кои поседуваат важечка дозвола за оружје или дозвола за поседување на оружје.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img