домаАгро советиКако изгледа просторија за складирање на лешници?

Како изгледа просторија за складирање на лешници?

Pneumatik baner

Просторијата за складирање на лешници мора да биде осветлена и целосно сува. Исто така мора да има можност за повремена вентилација.

Чување на лешници во текот на зимата е лесна работа. Просториите за складирање не треба да се ладат бидејќи температурите во зимските месеци се оптимални и прифатливи за складирање.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

На почетокот на пролетта, со зголемување на топлината, потребно е да се излади магацинот. Местото за овој овошен вид мора да биде осветлено и целосно суво. Исто така, треба да има можност за повремена вентилација.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Ако го чуваме во магацин со влага, плодовите ќе мувлосаат многу брзо и ќе се расипат. Тие ќе изгубат тежина и квалитет. Влажноста во просторијата може да се намали ако во неа се чува негасена вар, што ќе го апсорбира вишокот. Се препорачува палење на сулфур, кој ги уништува габите, што може да биде причина за разни болести на лешниците во затворени простории.

petel baner

Најдобро е складирање на лешници во разладни комори

Бетонскиот под на магацинскиот простор треба претходно да биде изолиран. Суви плочи треба да се постават над бетонот. Се препорачува sидовите да бидат малтерисани и однадвор и одвнатре. Просторијата треба да има  електричен вентилатор , кој ќе ја отстрани вишокот на влага.

Најдобри магацини се тие каде што постои можност за прилагодување на влажноста и температурата. Исто така, проверете дали лешникот е заштитен од инсекти и птици, како и глодари и глувци. Најуспешно се чува во разладни комори, на температура од 0 ° C и на релативна влажност од 65 до 75 проценти.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img