Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаситеРукола, лесна за одгледување, полна корисни материи

    Рукола, лесна за одгледување, полна корисни материи

    petel baner

    Руколата е култура со скромни побарувања за топлина и е отпорна на мраз. Затоа, може да се произведува практично цела година.

    Ако има место во градината каде што можете да посеете корисна рукола, направете го тоа. Придобивките се повеќекратни. За само четириесет дена, ќе ја користите за вкусни салати.

    Каде да се засее рукола?

    Ова растение најдобро расте на лесни песочни и средно тешки почви. Најдобрите позиции се добро осветлени терени. Добро вирее и во полу-засенчени области, а може да се одгледува и на ветровити терени.

    Одгледувањето рукола е многу лесно и пристигнува брзо за жетва за околу 40 дена од сеидбата.

    Тоа е култура која нема сериозни проблеми со болести и штетници.

    Технологија на производство

    Обработката на почвата за рукола е слична на онаа за другиот лиснат зеленчук. Основната обработка се изведува на длабочина од 20 см, со квалитетна подготовка на површината, бидејќи руколата се произведува скоро исклучиво со директно сеење од семе, а семето е многу мало (масата на 1.000 семиња е околу 1,5 гр).

    Ѓубрењето е со околу 60-80 кг / ха азот, 60-80 кг / ха фосфор и 100-120 кг / ха калиум.

    Сеењето на рукола може да започне во рана пролет, обично во март, и може да се сее сукцесивно, секоја недела до октомври, така што лисјата ќе можат да се собираат во текот на зимата. Само во случаеви на екстремно тешка зима, растенијата треба да бидат малку заштитени.

    Се сее на оддалеченост по редови од 15-30 см и во самиот ред 5-10 см. Се троши околу 1,5-2 кг семе на хектар.

    Од мерките за нега, треба да се применува само редовно наводнување и контрола на плевелите.

    Се бере кога розетата од листовите е добро формирана, при што може да се соберат само листовите, или да се извадат цели растенија.

    Приносот е околу 20-25 t / ha.

    Руколата е извор на корисни материи

    Руколата е ароматично растение кое, поради својот вкус, им дава посебен вкус на салатите и поволно делува на здравјето.

    Благодарение на изобилството на антиоксиданти, овој зеленчук помага во зајакнување на функциите на мозокот, го подобрува метаболизмот го зајакнува имунитетот и ги потиснува патогените микроорганизми.

    Листовите од рукола содржат високо ниво на фолна киселина и антиоксиданти, како што се витамини А, Ц и К, така што руколата е позната и како многу успешен борец против слободните радикали. Овие витамини имаат корисен ефект врз подобрувањето на состојбата на коските, забите, очите и белите дробови.

    Руколата е полна со растителни влакна, кои помагаат за добро варење на храната. Затоа, брзо предизвикува чувство на ситост и ја намалува желбата за масна и слатка храна. Го намалува нивото на лош холестерол и го регулира нивото на шеќер во крвта.

    Agrobot

    Покрај тоа, таа е богата со каротеноиди , како и многу минерали, како што се калиум, манган, железо и калциум, и сите тие се многу корисни во исхраната на човекот.

    Исто така, руколата има предност во однос на другите тревни растенија, бидејќи содржи ниско ниво на оксалати, кои спречуваат апсорпција на минерали во организмот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Користејќи рукола во исхраната, го штитите срцето, се намалува ризикот од многу болести, а содржи и супстанции со антиканцерогени својства.

    Се смета за природен антибиотик , го регулира варењето и се користи за лекување на чиреви, остеопороза, хроничен запек, настинка и кашлица.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img