Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ВестиБелголштин - нова раса на говеда со одличен принос

    Белголштин – нова раса на говеда со одличен принос

    Во Белорусија е регистрирана нова раса на говеда со продуктивност од 12 тони млеко по животно. Покрај тоа има 3,6 проценти млечни маснотии и 3,2 проценти протеини.

    Нова раса добиток наречена Белголштин е регистрирана во Белорусија. „ Неговиот потенцијал за продуктивност е на ниво од 12 тони млеко по животно и содржи 3,6 проценти млечни маснотии и 3,2 проценти протеини “, рече Владимир Гусаков , претседател на Националната академија на науките на конференцијата на која беше презентиранo. 

    Во таа земја, очекуваниот принос на млеко по крава од оваа раса е двојно поголем од просекот. Во 2019 година изнесуваше 5.043 килограми. Минатата година, фармите во земјата произведоа нешто повеќе од 7,5 милиони тони млеко. Ова е зголемување за 5,6 проценти од претходната година, кога произведоа нешто повеќе од 7,1 милиони. т 

    Белголштин е создаден врз основа на Холштајн и треба да обезбеди поголеми резултати во производството со подобро прилагодување кон условите на локално одгледување. 

    Работата за размножување на нејзиниот генетски потенцијал траеше повеќе од 20 години. Сепак, експертите потенцираат и на примена на мерки што ќе ја зголемат ефикасноста на белоруските крави, што вклучува поквалитетна храна и примена на современи технологии. 

    Така, расата е создадена врз основа на Холштајн и домашни црно-бели говеда. Белголштин може да достигне тежина од 600 до 650 кг, и иако има понежна силуета, нејзината поголема тежина произлегува од поразвиениот гастроинтестинален тракт. Тие исто така се карактеризираат со поголемо виме и помала разлика во должината на предните и задните гради.

    нова раса на говеда
    Крави од расата ” Белголштин “

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img